ГЕРМАНИЈА БАРА НЕГОВАТЕЛИ: Еве какво искуство сподели девојка која работи таму!

На Германија и надостасуваат работници од различни профили . На Здравството му се потребни лекари, медицински техничари но и негователи. Оние луѓе кои отишле во Германија да работат, ги сумираат резултатите после една година работа таму.Времето кога во Германија на оглас за работно место во болница се јавуваа по неколку стотици луѓе, помина. 58 проценти во болниците во Германија во 2013 година имаа проблем со недостаток на стручна работна сила. Барањето на личност која ќе оговара во просек траеше 167 дена.
Нешто помалку чекала Емина Фајковиќ од Босна која од грманската Амбасада во Сараево, чекала да и пратат позитивен одговор за работа во Германија. Емина е една од стотина негователи и некователки, кои после потпишување на договорот помеѓу БиХ и Германија во април 2013 година за негователи, им го сврте грбот на БиХ и подобро утре побара во најразвиената земја во Европа.
– Моја среќа е што од 2005 до 2009 престојував во Германија каде работев како дадилка. За тоа време го научив јазикот, што за разлика од останатите кои сакаа да работат како негователи, ми беше голема предност. Кога слушнав дека БиХ и Германија потпишуваат договор за вработување негователи, веднаш се јавив во St. Vincenz Hauz во Köln и прашав дали може да работам – вели Емина.
„Емина нема веројатно да застанеш на половина пат“
Емина за време на престојот во Германија, помеѓу 2005 и 2009 година месец дена доброволно работела во еден дом за стари изнемоштени лица.
– Тоа доста ми помогна. Моментално работам тука во Домот за стари и изнмоштени лица во St. Vincenz Hauz во Köln. Истовремено работам и студирам. Дојдов до половина пат. Уште година ипол и ќе добијам диплома за неговател, а до тогаш морам да ги стиснам забите.
– Работата не е лесна. Дневно се грижам за повеќе личности на кои им е потребна помош. Замислете само дека со нов морам да го правам сето тоа што една личност го прави сама: миење, спремање, чистење, хранење и слично. Со оглед на тоа дека понекогаш се работи за неподвижни личности со малку повеќе килограми, барам помош и од другите колеги – вели Емина.
Иако во очите на поединците изгледа дека негователите заработуваат многу пари, искуствата се сосема поинакви.

 
– Не би зборувала за висината на личниот доход, но само ќе кажам дека понекогаш тој не е доволен за покривање на сите трошоци. Кога не сум на училиште или на работа, работам дополнителна работа за да заработам за живот. Обично како дадилка. Се надевам дека по завршувањето на училиштето ќе можам солидно да живеам од својата работа – вели Емина и додава:
– Тешко е. Понекогаш си велам „сега е доста“. Исто така се прашувам „до кога вака?“. Човекот паѓа во криза. Му снемува сила. Но секогаш на некој начин, барм до сега така било, ме охрабрува целта која ја имам пред себе. Тогаш си велам на себе: „Емина нема веројатно да застанеш на половина пат“?
Бидете подготвени на големи жртви
Германско здружение на организации и претпријатија за давање на социјални услуги процнува дека во Германија до 2020 година ќе има 220 000 лица на кои ќе им бие потребна нега. Германската влада пред неколку години покрена иницијатива за вработување на негователи од земјите како што се БиХ, Србија, Филипини, Шпанија, Италија, Португалија или Тунис. Нивниот број минатата година од 15 000 се зголеми на 21 000. Голем број на млади со завршено медицинско училиште се заинтересирани за работа во Германија.
– Ги разбирам младите од БиХ. До скоро живеев таму. Знам како е. Овде нема секојдневни излегувања на кафе. На сите оние кои сакаат да ја напуштат родната земја и да работат како негователи, на пример во Германија, им порачувам добро да размислат и да бидат подготвени многу одрекувања и жртвувања. Овде не е се така како што што другите велат. Моите пријатели знаат низ што се поминувам. Но, има и такви кои мислат дека сум успеала во животот со тоа што сум ја напуштила родната земја – вели Емина и додава:
– Факт е дека ја напуштив земјата , но радо се враќам назад. Редовно одржувам контакт со пријателите и нормално со родителите кои ми даваат голема поддршка која да бидам искрена, многу ме охрабрува.
– Овде добро сум прифатена, како на работа така и во училиште. Имам пријатели од цел свет и не можам да кажам дека ме гледаат како странец. На пример имам колеги од Шпанија  кои дојдоа преку една црковна организација. Таа дури им помага при пронаоѓањето стан или ако западнат во финансиски проблеми. Тука имам и еден колега кој исто така е од БиХ. За разлика од колегата од Шпанија, и тој е како мене: за себе се грижиме сами – вели Емина.Времето кога во Германија на оглас за работно место во болница се јавуваа по неколку стотици луѓе, помина. 58 проценти во болниците во Германија во

Пронајдете не на следниве мрежи: