ЗАЕДНО ИМАЛЕ 286 КИЛОГРАМИ: Погледнете како изгледале на денот на нивната венчавка!

Невестата открила дека под венчаницата криела три килограми на опуштена кожа која настанала како резултат од слабеењето. Имено, таа изгубила 64 килограми.Тина Винмил нагло се здебелила откако го запознала нејзиниот партнер Марк. Таа не сакала да се венча сѐ додека не изгуби половина од својата тежина, па заедно со вереникот се зачлениле во клуб за слабеење.
Но, откако ја постигнала саканата тежина, почнала да ѝ виси кожата од сите страни. Таа била присилена да ги крие тој вишок кожа под венчаницата, но и покрај тоа, Тина изјавила дека е посреќна од било кога.
„Купив кратки панталони кои требаше да ги носам под венчаницата, но во нив сѐ изгледаше полошо. Тие беа растегливи и го стискаа телото, а `истиснатата` кожа висеше преку нив. Сепак, не ги облеков. Искрено, можам да кажам дека првпат бев задоволна од својот изглед. Фотографиите од венчавката се поставени низ целата куќа“, вели таа.

Откако во 2009 година се запознале преку Фејсбук, двајцата почнале да се дебелееат.
„Бевме толку вљубени што не забележавме дека ги натрупуваме килограмите. Шест месеци подоцна почнавме да живееме заедно, што само ги поттикна нашите лоши прехранбени навики. Би нарачале брза храна или би приготвувале обилни оброци“.
Наскоро, тие имале 286 килограми. Марк имал 159, а Тина 127 килограми. Тоа почнало да им се одразува и на здравјето.
„Знаевме дека треба да ослабнеме, но не бевме мотивирани. Марк да имаше и трипати повеќе килограми, јас пак би го сакала“.
Тогаш, Марк ја запросил во 2010 година.
„Прво прифатив, а тогаш му реков дека нема шанси да се омажам додека не ослабнам“.
Таа самата си поставила цел да ослабне преку 60 килограми, а и Марк се зачленил во клубот за слабеење.
Меѓусебно си помагале и заедно подготвувале здрави оброци. Тие се научиле колкава треба да биде големината на порциите и почнале да ги бројат калориите. За година ипол дена, Марк достигнал тежина од 95 килограми, а Тина 63 килограми.
„Веднаш кога ја постигнав саканата тежина, Марк изјави дека веќе нема одложување и дека ќе се венчаме“, се присетила Тина.
Вишокот кожа може да се отстрани со операција за која тие немаат пари. Но, без оглед на тоа, Тина е пресреќна од резултатите. Таа вели дека ништо не би менувала.
Тина Винмил нагло се здебелила откако го запознала нејзиниот партнер Марк. Таа не сакала да се венча сѐ додека не изгуби половина од својата тежина

Пронајдете не на следниве мрежи: