Оралната хигиена е многу важна, а понекогаш проблемите кои се создаваат во тоа подрачје всушност се одраз на на други здравствени потешкотии или состојби.Само еден поглед во огледалото кон вашата уста може да каже многу за вашата моментална состојба. Освен што на тој начин можете на време да воочите некоја болест, жените можат и да ги забележат еден од првите знаци на бременост.
Треба да обрнете внимание на неколку клучни точки. Една од нив е непцето. Крварењето од непцињата може да се јави поради нередовна орална хигиена, но и поради различни воспалителни процеси. Причина за крварење може да биде и лошата исхрана, преголема конзумација на алкохол. Тоа се знаци кои треба да ги земете в предвид и да размислите за својот животен стил. За среќа сето тоа може да се поправи. Крварењето на непцата нејчесто не е знак за тешко заболување, но може да упати на леукемија или болест која влијае на згрутчувањето на крвта. Посебно е интересно тоа што крварењето на непцата може да биде и знак на бременост бидејќи хормоналните промени го омекнуваат непцето.
Забите се важни
Доколку забележите дека забите ви се помали или поостри, можеби со нив „шкрипите“ во сон. Таа појава може да се јави кај луѓе кои се под стрес или пак се јавува поради лош гриз. Стругањето со забите влијае неповолно на забите бидејќи ги истенчува, односно ги оштетува, но и може да предизвика главоболка, напнатост во мускулите и болна вилица.
Доколку забележите дека сте шкрипеле со забите во сон, обратете се кај својот стоматолог кој веројатно ќе ви препорача гумичка за заби која ќе ги штити од оштетување.
Погледнете ги своите усни
Фрлете поглед и на своите усни. Доколку се суви и испукани, тоа може да биде знак на анемија (слабокрвност). Освен тоа, може да биде и предупредувачки знак на дијабетес доколку претходно сте забележале и некои други симптоми како на пример губиток на тежина.
Важна е и бојата на вашите усни. Доколку се бледи, тоа е сигурен знак на недостаток на железо, но може да упатува и на срцеви или белодробни тегоби поради кои доаѓа до намалување на дотокот на кислород во крвотокот.Само еден поглед во огледалото кон вашата уста може да каже многу за вашата моментална состојба. Освен што на тој начин можете на време да воочите



