Ѝ рекле дека е најгрдата жена на светот и дека треба да се запали. Ова е нејзиниот одговор!

Кога имала 17 години, Лизи Веласкез пронашла видео на кое била опишана како „најгрдата жена на светот“. Таа не можела да поверува колкава злоба може да има во луѓето. Сега реши да им го возврати ударот.„Имаше секакви коментари. Ме нарекуваа чудовиште и се прашуваа зошто мајка ми не ме абортирала. Како да им се прости на луѓето кои ме советуваа да извршам самоубиство“, се прашува Лизи која била на работ да изврши самоубиство.
Сега има 26 години и на најдобар начин им возврати на злобниците – со снимање на документарен филм за нејзиниот живот. Во него е пренесена целата приказна за нејзината борба со состојбата поради која не можела да добие на тежина.
Во него е опишан патот од жртва на злоставување преку интернет, до жена која се бори против насилното однесување.
Лизи е родена со Марфан синдром и липодисторфија, кои оневозможуваат мастите рамномерно да се распоредуваат во нејзиното тело. Таа тежи само 26 килограми.

„Сѐ што знаев е дека го имам тој синдром, што значеше дека не можев да се здебелам кога бев помала и мислев дека сите изгледаат како мене“, рекла Лизи и додала дека и во училиште ја малтретирале поради нејзиниот изглед.
„Мојот живот е во мои раце, исто како што вашите животи се во ваши раце. Вие одлучувате дали вашиот автомобил ќе го возите по добар или лош пат. Вие одлучувате што е вашата суштина. Одлучив дека нема да ме дефинираат сите оние кои рекоа да ме убијат со оган. Најдобрата одмазда за сите оние кои изјавија дека сум грдо чудовиште е дека негативноста треба да ја претворам во енергија која ќе ми овозможи да правам позитивни работи. Си зададов себеси задача дека ќе станам мотивациски говорник, ќе напишам книга, ќе дипломирам на факултет и ќе имам семејство. Ете, досега успеав да станам говорник, штотуку дипломирав и наскоро ќе го предадам ракописот за третата книга. Запрашајте се – што ве дефинира? И тогаш, искористете ги негативните нешта да ве мотивираат. Ви гарантирам дека ќе победите“, порача Лизи во еден нејзин говор за ТЕД конференцијата.
„Имаше секакви коментари. Ме нарекуваа чудовиште и се прашуваа зошто мајка ми не ме абортирала. Како да им се прости на луѓето кои ме советув

Пронајдете не на следниве мрежи: