Еден индијски младоженец бил оставен пред олтарот бидејќи не знаел да реши една едноставна математичка задача. Имено, кога невестата го прашала колку е 15 + 6 , човекот рекол дека резултатот е 17?! Тоа била капката која ја прелила чашата и невестата ја напуштила венчавката. Иако неговото семејство се обидело да ја предомисли таа одбила тврдејќи дека нејзиниот свршеник е неписмен.
Полицискиот службеник од селото Расолабад, каде и се случил инцидентот , раскажал за ББС дека жителот по име Мохар Синг ја договорил венчавката на својата ќерка Лавли со човекот по име Рам Баран. Но, пред венчавката Лавли дознала дека Рам е неписмен, па одбила да се омажи за него.
„Неговото семејство криеше дека Рам е необразован“- изјавил Мохар Синг.
„Дури и децата во прво одделение знаат да одговорат на ова едноставно прашање од математика“- кажува тој.
Полицијата морала да го смирува семејството а и сите подароци биле вратени.
Многу од браковите во Индија ги договараат родителите а момчето и девојката кои треба да се венчаат ретко се познаваат еден со друг. Тоа била капката која ја прелила чашата и невестата ја напуштила венчавката. Иако неговото семејство се обидело да ја предомисли таа одбила тврдејќ



