И полицајците плачеле додека момчето им раскажувало што им правела жената која ги посвоила!

Три жртви на садистичка мајка вдомител, која ги присилувала да ги јадат сопствените повраќаници, за прв пат проговореле откако е пуштена од затвор. Алома Гилберт (29), Викторија Спреај (28) и Кристофер Спрај (26) две децении трпеле злоставување од нивната помајка Еуника Спрај. Кога во 2007 година  била осудена на 14 години затвор, конечно се почувствувале сигурни. Но, минатата година таа е пуштена од затвор откако отслужила само половина од казната.„Таа е крадец,  ми го украде детството. Таа е лоша личност“, вели Кристофер.
„Таа е психопат, срќни сме што не уби никого. Застрашувачки е што сега е на слобода и повторно може да му го стори тоа на друго дете. Таа знае да се здобие  со нечија довреба. Ние немаме идеја како изгледа сега таа, па како би знаел некој друг?“.
Децата развиле страшна меѓусебна врска за да си помогнат едни на дуги да го прежиеват злоупотребувањето.
Кога Алома и Кристофер, кои се брат и сестра, и Викторија за прв пат  биле сместени кај Еуника во 1991 се чинело дека добиле нов дом.
„Се чинеше како добра и топла личност. Беше доволно да ѝ седнете в скут и да се чувствувате добро“, вели Алома.
Но набрзо станало јасно дека Еуника  ја преферира својата ќерка Јудит и посвоената ќерка Шарлот.
„Тие имаа подобри соби, подобра храна. Бев третирана како да не сул човек, како да немам никакви права“, вели Викторија.
По неколку месеци Еуника почнала да ги тепа тврдејќи дека се ѓаволести деца.
„Велеше дека работам за сатаната и дека сме потомство на ѓаволот. Тоа е тешко да се сфати кога имате само 6 години“.
„Еднаш ме натера да јадам храна за мачки. Плачев и повратив, а таа ме натра да ги јадам сопствените пораќаници“, вели Кристофер.
Почнала да ги тепа редовно, а ги држела понастрана од луѓе кои би можеле да ја пријават. Им забранила да разговараат со други деца, а за време на ручекот на училиште дежурала зад врата за да биде сугурна дека нема да ја прекршат наредбата.
Кога во 1994 годин наставниците почнале да се сомневаат поради модринките и исечениците, Еуника ги отпишала од училиште. Тогаш мачењето траело цел ден.
Во 1996 година се преселиле на осамена фарма, а трите деца морале да спијат во запуштена ладна штала.
„немаше ниту струја ниту вода, некако се снаоѓавме да се измиеме“.
На децата постојано им била скратувана храната.

„Половина од своето детство го поминав мечтаејќи дека јадам храна“, вели Викторија.
Ги мачела на разни начини, а сигурно еден од најужасните било забодување стапче во грло. Потоа не можеле да голтаат.
„Бевме како кукли, не знаевме да вратиме. А таа се смееше додека не мачеше. Тоа за нејзе беше игра. Таа го сакаше она што го правеше, мислеше дека тоа е нејзино право“.
Како што растеле децата, така казните станувале се посурови.
Кристофер се сеќава дека го врзала за задниот дел од комбето и така го влечела наоколу.

„Мојата глава удираше од земјата. Повеќе пати се онесвестував, крвавев. Доаѓав при себе и повторно се онесвестував, а таа продолжуваше да ме влече“.
Во септември 2000 година Јудит (37) и Шарлот (16) загинале во несреќа  додека се враќале од семеен одмор. Еуника ги казнувала останатите деца бидејќи ја преживеале нсреќата во која настрадале нејзината биолошка и омилена посвоена ќерка.
Викторија, тешко повредена во несреќата, не можела да оди, докторите рекле дека ќе закрепне набрзо. Но, била присилена да остане во количка 4 години бидејќи маќеата не ѝ дозволила да ги слуша докторите.
„Еуника ни велеше дека доколку некогаш дојде полиција, тоа ќе биде бидејќи не ги сакаат Јеховините сведоци. Кога дојдоа, јас одреков се. Во тоа време имав 16 години и ја имав само неа во животот..
Но, на второто полициско испитување, раскажав се за долгогодишното злоставување. Полицајците плачеа додека раскажував“.
Во март 2007 година Еуника била осудена на 14 години затвор.„Таа е крадец,  ми го украде детството. Таа е лоша личност“, вели Кристофер.
„Таа е психопат, срќни сме што не уби н

Пронајдете не на следниве мрежи: