Премногу поминатото време на работното место во седечка положба или нередовната физичка активност, можат да предизвикаат болки во грбот.Болките, посебно оние во долниот дел од грбот, стануваат секојдневна појава со која се борат сѐ повеќе луѓе. Болките се јавуваат поради кривата положба и оптеретувањето на долниот дел од рбетот, но и поради грчот во телото предизвикан од стрес и замор.
Доколку и вие чувствувате непријатна болка во текот на работното време, одвојте 60 секунди и решете го овој проблем со кратка вежба за дишење која го опушта телото и го намалува чувството на притисок во лумбалниот дел.
1. Седнете и заземете удобна положба. Затворете ги очите и обидете се да се опуштите.
2. Врвот од јазикот поставете го веднаш зад горните предни заби.
3. Полека вдишете низ носот во траење од 4 секунди, задржете го здивот броејќи до 7 и полека издишете низ устата броејќи до 8, притоа произведувајќи тивок звук на олеснување.
4. Повторете ја постапката уште три пати.
Доколку сакате трајно да се ослободите од болките во грбот предизвикани од седењето, секоја вечер пред спиење направете кратко истегнување од 60 секунди.
1. Легнете на стомак и потпрете се над подлактицата.
2. Горниот дел од телото кренете го така што ќе се потпрете на лактовите, кренете ја и главата. Задржете ја положбата 8 секунди и вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата два пати.
3. Легнете на грб и свиткајте ги колената, а рацете испружете ги покрај телото. Кренете го пелвисот во рамна положба и останете во истата 8 секунди, па вратете се во првобитната положба.
4. Останете да лежите на грб и соберете ги нозете. Свиткајте ги кај колената, опфатете ги со рацете и приближете ги до прстите. Останете во таа положба 8 секунди и вратете се во првобитната положба. Повторете ја вежбата два пати.
Болките, посебно оние во долниот дел од грбот, стануваат секојдневна појава со која се борат сѐ повеќе луѓе. Болките се јавуваат поради кривата пол


