Ким и Рајан го посвоиле малиот Рајлан (7) кога бил бебе. Неговата мајка била наркоманка, зависник од кристал мет и боледувала од биполарно пореметување, како и неговиот биолошки татко.Денес тие стравуваат дека Рајлан кој во меѓувреме развил екстремно агресивно однесување, би можел да ги убие.
Ким, која покрај Рајлан има три биолошки деца, истакнува дека многу рано забележала дека Рајлан не се развива како што би требало. Како што вели, кога имал само 18 месеци, Рајлан умеел намерно да го задржува здивот се додека не се онесвести.
На три години ножот го забодувал во лубеница и станувал се поагресивен.
Ким додава дека Рајлан и признал дека има измислен пријател Крвник (Bleeder) кој му вели дека би требало да го избоде целото семејство со нож.
„Често детално ми објаснува дека би сакал да земе нож, да го крене високо над главата а потоа да го забие во моите гради“, вели исплашената мајка.
Според нејзините зборови. Кога Рајлан имал само 6 години се заклучил сам во бањата, го земал бикчето од постариот брат и ги исекол прстите, бидејќи „Крвник му кажал дека сака да го стори тоа за да види крв и да ја почувствува болката“.
Неговите татко и мајка сега живеат во постојан страв дека нивниот посвоен син навистина би можел да ги повреди.
Најмногу се плашам дека Рајлан ќе израсне во сериски или масовен убиец“, вели загрижената Ким.
Се обиделе со различни видови лечење, но не вродиле со плод.
Од петтата со седмата година од животот поминал 25 месеци по болници, а докторите истакнуваат дека можната дијагноза на Рајлан е биполарно пореметување.
Според зборовите на исплашените родители, ова семејство не поминало ниту еден обичен ден во изминатите три години.
Кога сосема ќе ја изгуби контролата единствено решение е „терапевтска прегратка“ која може да трае и до еден час.
Неговите родители повеќе пати пронаоѓале скриени остри предмети како бикче, нож и вилушка.
„Навистина се плашам дека Рајлан би можел да убие некого“, рекла загрижената мајка.Денес тие стравуваат дека Рајлан кој во меѓувреме развил екстремно агресивно однесување, би можел да ги убие.
Ким, која покрај Рајлан има т



