Кога Мелинда Феникс го родила својот прв син Оливер во 2014 година, на приновата во семејството не се израдувал само нејзиниот сопруг Џонатан, туку и неговата втора жена Дани.И не само тоа. Втората сопруга на Џонатан дури присуствувала и на породувањето. Само 35 дена подоцна се породила и Дани, а во породилната сала била и првата сопруга на нејзиниот маж, Мелинда. На свет стигнало девојчето Ела Лин.
Оваа тројка живее под ист кров со своите деца. Партнерите ги делат обрвските и должностите околу родителството, од будење ноќе до менување пелени.
„Можеби на луѓето им делува чудно, но за нас има смисла. Ние се сакаме едни со други и нашиот сон беше да забремениме во исто време.
За разлика од класичните парови кои спијат одвоено ќога ќе дојде бебето, ние сме тројца, па секогаш некој може да ја превземе ноќната смена. Ние исто така ги доиме една на друга бебињата, ги делиме сите финансиски трошоци и работата низ дома. Дури и сексот е одличен. Кога еден од нас не е расположен за тоа, екогш некој друг е“, вели Мелинда.
„Нашите стилови на воспитување на децата се разликуваат, така што одлично се дополнуваме. Единствено што ни треба е поголем кревет, бидејќи спиеме со бебињата, па некогаш Џонатан мора да легне хоризонтално на дното од креветот“, додава Дани.
Додека не ја запознала Дани, Мелинда била само во моногамни врски со мажи, додека Дани била во врска со мажи и со жени. А откако се запознале на музички фестивал, знаеле дека остатокот од животот ќе го поминат заедно. Иако тогаш геј браковите не биле дозволени во Калифорнија, Дани и Мелинда се обврзале една на друга на верност на интимна церемнонија.
Но по година дена, Мелинда ѝ признала дека таа не сака само жена туку и маж.
„Кога прв пат ми кажа дека во животот ѝ недостига маж помислив дека јас не сум ѝ доволна, но колку повеќе размислував за тоа, сфатив дека тоа би имало многу предности. Најтешкиот дел беше да се најде некој кој ќе се вљуби во двете“, вели Дани.
Сепак, девојките не морале да чекаат долго да се појави нивниот принц од соништата. Само неколку месеци подоцна го запознале Џонатан. Во моментот кога влегле во неговиот живот, Џонатан излегол од долга врска со девојка со која бил од средно школо.
„Беа во брак, па не знаев дека се заинтересирани за мене. Но еден ден ми напишаа писмо и искрено открија што сакаат. Не знаев што да правам“, вели Џонатан.
За да откријат што чувствуваат едни кон други заминале на патување. Тогаш Џонатан сфатил дека ги сака и двете. Иако нивните пријатели мислеле дека се работи само за секс, тие тврдат дека просто се пронашле.
„Полиаморијата е невообичаена, но што повеќе време поминувам со нив, се повеќе се вљубувам. Ние се надополнуваме едни со други“.
Нивното опкружување, па и мајката на Мелинда не го поддржувале овој вид на врска. Некои им замерувале. Па во меѓувреме прекинале некои контакти. Сепак, некој ги поддржувал, мајката на Џонатан, Сенди.
Научиле и да не бидат љубоморни едни на други. Доколку било кој посака ноќ на само, никој не се буни. Тие велат дека во кревет функционираат совршено и дека секој спие со секого или сите заедно.
Откако почнале да живеат заедно, почнале да планираат семејство. Сакале да забременат во исто време и успеале во тоа. По убавите вести одлучиле да се венчаат, иако нивната заедница се уште не е призната пред законот.
Нивните бремености биле различни, но двете мајки минале заедно низ се. Дури оделе заедно на прегледи. И Дани и Мелинда се породиле по природен пат, а на двете породувања присуствувало целото семејство.
Оваа невообичаена заедница не се грижи за мислењето на околината за тоа како ќе ги воспитаат децата во такво семејство.
„Ние живееме во заедница која е многу либерална и се надеваме дека со текот на времето семејствата како нашето нема да бидат исклучок. Затоа што имате две мајки и еден татко е совршен начин да одгледате дете во куќа полна со љубов. Ние дури сме отворени да вклучиме уште некого во нашиот живот“, вели Мелинда.И не само тоа. Втората сопруга на Џонатан дури присуствувала и на породувањето. Само 35 дена подоцна се породила и Дани, а во породилната сала била



