Го критикувал работодавачот на Фејсбук и сега му се закануваат 5 години затвор!

Кога Американецот Рајан Пејт минатиот месец слетал на аеродормот во Абу Даби, во кој работел за компанијата „Global Aerospace Logistics“, добил повик дека мора да се јави во полициска станица.Пејт не знаел за што станува збор и се шокирал кога дознал дека поради критикувањето на неговиот работодавач на Фејсбук додека бил во САД, го прекршил сајбер законот на Обединетите Арапски Емирати и завршил во затвор.
По десетте дена поминати во затвор, тој бил пуштен со кауција и сега чека судење, чиј почеток е закажан за 17 март. Доколку биде прогласен за виновен, тој би можел да помине дури пет години во затвор, а му се заканува и казна од 50.000 долари.
Имено, тој работел во компанијата од 2012 година, како механичар на хеликоптер, но поради болки во грбот, докторите во САД му препорачале да мирува, но компанијата сакала да побара уште едно стручно мислење од докторите во ОАР. Во компанијата се сомневале дека тој повеќе нема да се врати на работа и му ја блокирале платата, поради што тој преку Фејсук решил да се пресмета со нив.

Треба да се напомене дека освен критикувањето на неговиот работодавач, Пејт во својата објава ги критикувал и луѓето во ОАР (ги нарекол „валкани Арапи“), а во „Тампа Беј Трибјун“ беше објавено дека во затвор завршил поради критикување на работодавачот на интернет, додека обвиненијата за критикувањето на граѓаните на ОАР и навредувањето на исламот се отфрлени.
Во одбрана на Рајан Пејт застана и членот на Конгресот Дејвид Џоли, кој рекол дека ги почитува законите на ОАР, но напомена дека спорниот статус на Фејсбук бил напишан додека бил во САД, каде што е заштитена слободата на говорот.
„Вознемирувачки е дека на Пејт сега му се заканува постапка заради нешто што во својата земја го направи потполно легално“, Џоли ја искоментирал оваа ситуација. Секако, Рајан сега се кае и им се извини на сите кои ги имал навредено и додал дека тој само сакал да ги предупреди луѓето каков бил неговиот работодавач.
Во моментов, тој се наоѓа во станот во кој што живеел додека работел за компанијата и чека судење, односно се надева дека обвиненијата против него ќе бидат отфрлени пред судењето за да може да добие пасош и што побрзо да се врати во САД.Пејт не знаел за што станува збор и се шокирал кога дознал дека поради критикувањето на неговиот работодавач на Фејсбук додека бил во САД, го прекр

Пронајдете не на следниве мрежи: