Стејси Ли на својот профил на Фејсбук објавила фотографија на која држи голем картон на кој пишува дека ја бара нејзината мајка. Таа осум години безуспешно ја барала, а не ни сонувала дека по објавата на Фејсбук ќе се случи вистинско чудо.Стејси не ја видела својата мајка Бренда Дрејк уште од 1993 година, кога имала само 2 години. Нивното семејство се распаднало, а Стејси отишла да живее со својот татко и двајцата браќа. Кога наполнила 15 години, Стејси решила да ја ја започне потрагата по мајка си.
По осум години потрага, 23-годишната девојка изгубила секаква надеж. Нејзиното момче ја поттикнало да го напише името на својата мајка и сѐ што знае за неа на голем картон и сето тоа да го објави на Фејсбук.
Фотографијата беше споделена преку 100.000 пати. За помалку од 20 часа, Стејси примила повик од жена која ѝ кажала дека е нејзина роднина и ја споила со Бренда. Потоа мајката и ќерката за првпат се сретнале.
„Кога отидов на профилот на мојата мајка не можев да поверувам. Имаше ист лик како мојот. Ѝ испратив порака во која и напишав дека ми недостига и дека сакам да ја обновам врската со неа“, изјавила Стејси.
Стејси не ја видела својата мајка Бренда Дрејк уште од 1993 година, кога имала само 2 години. Нивното семејство се распаднало, а Стејси отишла да ж



