Еден филџан утринско кафе може на милиони вработени луѓе да им помогне да ја избегнат болката што е предизвикана од повеќечасовното седење пред компјутер, покажаа резултатите од новото истражување во Осло.Истражувачите открија дека оние доброволци кои без никаква пауза пред компјутер работеле 90 минути, имале многу помалку болки во вратот, рацете и зглобовите доколку пред доаѓањето на работа испиле филџан кафе.
Во текот на истражувањето, сите работници имале проблеми со болките кои биле последица од работата, но онаа група која консумирала кафе пред поаѓањето на работа пријавила значително помал интензитет на болка.
Откритието дека и мала доза кофеин може силно да влијае на намалувањето болка предизвикана од работата е резултат на работата на научниците од Осло.
Кофеинот веќе го има во одделни лекови против болка како што се аспиринот и парацетамолот.
Истражувањето сугерира дека кофеинот ги стимулира поединечните рецептори во телото кои се задолжени за блокирање на ефектот од болката.
Досега е докажано дека кафето штити од рак на црниот дроб, Алцхајмерова болест, па дури и од мозочни удари. Истражувачите открија дека оние доброволци кои без никаква пауза пред компјутер работеле 90 минути, имале многу помалку болки во вратот, рацете и з



