Најстарата личност на светот, Јапонката Мисао Окава, утре ќе го прослави 117. роденден. Окава изјави дека 117 години не ѝ изгледаат како долг временски период.„Сѐ ми изгледа како многу пократко“, му рекла Окава на претставникот на администрацијата на Осака, Такехиро Огури, кој ѝ донел букет цвеќиња и ја прашал како се чувствува со оглед на тоа дека доживеала 117 години.
Таа е родена во Осака на 5 март 1898 година и се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди од 2013 година, каде што е призната како најстарата личност на светот.
На прашањето за тајната на нејзината долговечност, таа кратко одговорила „дека и самата на себе си го поставува истото прашање“. Според податоците на јапонската Влада, во Јапонија живеат повеќе од 58.000 стогодишни луѓе, што е најмногу во целиот свет.
Окава има проблеми со слухот, но и понатаму добро се храни и има добро здравје. Таа се омажила во 1919 година, а нејзиниот сопруг Јуки починал уште во 1931 година. Мисао има три деца, четири внуци и шест правнуци.„Сѐ ми изгледа како многу пократко“, му рекла Окава на претставникот на администрацијата на Осака, Такехиро Огури, кој ѝ донел букет цв



