МИСТЕРИЈАТА за исчезнатиот малезиски авион се крие во „последниот поздрав“ на пилотот?

„Проколнатиот“ лет МХ370 на „Малезија Ерлајнс“, наводно тргнал на емотивно прелетување кое било „последен поздрав“ на пилотот упатен кон островот Пенанг (неговото родно место), пред да биде намерно спуштен во океанот каде што потонал, илјадници километри далеку од брегот.Ова е тврдењето на еден британски пилот кој смета дека го открил последното почивалиште на авионот за кој несупешно се трага со месеци.
„Прелетувањето преку Пенанг е невообичаен и веројатно е клуч до разрешувањето на истрагата“, раскажал Сајмон Харди, кој е искусен пилот на Боинг 777, во една од главните комерцијални авиокомпании.
Неговата теорија ја поддржал и Дејвид Лирмаунт, водечки експерт за безбедност и соработник за магазинот „Flight International“.
Харди поминал шест месеци во анализирање на податоците од загубениот лет кој исчезнал од радарите пред година дена, на кој се наоѓале 239 патници. Тој заклучил дека спасувачите кои биле задолжени да го пронајдат авионот, го промашиле местото на кое се срушил авионот за 100 наутички милји.
Тој верува дека решението за мистериозната промена на насоката на летот е во тоа што „некој“ сакал да упати „последен поздрав“ кон малезискиот остров Пенанг. Капетанот на исчезнатиот авион Захариј Ахмад, потекнува од Пенанг, додека неговиот копилот Фарик Абдул Хамид е од Селангор.
Харди продолжува дека пилотот направил неверојатна работа. Тој осум пати навлегувал во воздушниот простор помеѓу Малезија и Тајланд, со што ги збунил контролорите на летот. Веднаш потоа, авионот се свртел за 180 степени и се упатил кон Пенанг.
„Ми беа потребни три месеци да го откријам тоа. Клучот беше Ајерс Рок. Повеќепати и сам имам направено такви маневрирања за да го видам ова чудо од природа и локалитет. Некој сакаше да има емотивен поглед на Пенанг“, објаснува Харди.
Иако спасувачките тимови сметаат дека авионот се срушил, Харди верува дека пилотот го приземјил леталото на површината на морето и го потопил, со што е објаснет недостатокот на остатоци од авионот.
Австралиските власти се во контакт со Харди и го потврдија потенцијалниот кредибилитет на приказната.Ова е тврдењето на еден британски пилот кој смета дека го открил последното почивалиште на авионот за кој несупешно се трага со месеци.
&bd

Пронајдете не на следниве мрежи: