Кравите се познати како животни со силен мајчин инстинкт. Ова можеби го докажува и случајот на една крава која буквално го сокрила своето новороденче за да не го пронајде фармерот.Имено, таа долго време се наоѓала на една фарма каде што била користена за молзење.
Кога и да се отелила кравата, фармерот би доаѓал и би го однел телето. Кога таа веќе престанала да дава млеко во посакуваните мери, веќе била подготвена да заврши во касапница. Сепак, неа ја спасиле претставниците на организацијата за заштита на животни „Edgar's mission“ од Австралија.
Кога ја довеле на својата фарма, претставниците сфатиле дека е бремена.Некаде околу терминот кога требало да се отели, волонтерите забележале дека кравата се однесува многу чудно. Кога истражиле за што станува збор, сфатиле дека таа тајно се отелила и новороденчето го сокрила во високите треви во близина, за луѓето да не можат да го пронајдат.
Истражувачите велат дека таа има болни сеќавања од претходното потомство, па одлучила новороденчето да го сокрие од очите на луѓето.
Имено, таа долго време се наоѓала на една фарма каде што била користена за молзење.
Кога и да се отелила кравата, фармерот би доаѓал и би г



