Луѓе во вашиот живот поради кои не можете да престанете да се дебелеете!

Како што обично и се случува кај неконтролираното дебелеење, ви претставуваме една утешна вест дека другите всушност се виновни што килограмите само се таложат.Истражувања покажале дека личностите кои јадат во друштво просечно внесуваат околу 33 проценти повеќе калории. Затоа ви пренесуваме неколку совети како можете да го ограничите внесот на храната, а без да јадате сами
Партнери
Синтија Сас изјавила за Хелт дека партнерите кои се во врска со дебели луѓе имаат 37 проценти поголеми шанси и самите да се здебелат. За тоа е виновно делењето прехрамбени совети, а за да се избегне несаканото дебелеење, се советува поделба на намирниците, односно да јадете колку што вам ви одговара, а не колку ќе ви стави партнерот во чинијата.
Деца
Едно истражување покажало дека мајките дневно конзумираат околу 400 калории повеќе отколку што јадат жените без деца. идете подготвени: Доколку е време за оброк по училиште, можете да јадете бадеми со грчки јогурт. Доколку на децата им правите пилешко со сирење и тестенина, со своето подгответе варен зеленчук.

Најдобри пријатели
Дали знаевете дека имате 57% повеќе шанси да станете дебели доколку некој од вашите пријатели е дебел? Истражувањето спроведено на Универзитетот во Аризона покажало дека луѓето се многу сугестивни па затоа е добро и вие да превземете иницијатива и да предложите некоја здрава храна наместо да се согласите на некоја брза храна бидејќи пријателите тоа го предложиле.

Колеги од работа
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Џорџија покажало дека луѓето кои јадат со седум или повеќе луѓе можат да изедат дури 96 % повеќе храна отколку што би изеле сами. Јадењето со колегите од работа е идеална прилика за тоа, а добра одбрана против вишокот килограми во таквите ситуации е да нарачате помала или здрава порција.Истражувања покажале дека личностите кои јадат во друштво просечно внесуваат околу 33 проценти повеќе калории. Затоа ви пренесуваме неколку совети

Пронајдете не на следниве мрежи: