Тинејџерката Мишел Картер (18) е обвинета за убиство од небрежност бидејќи наводно поттикнувала другар на самоубиство. По неговата смрт, таа собирала пари преку добротворна акција за лица кои се борат со депресија.Конрад Рој (18) извршил самоубиство на паркинг просторот пред еден супермаркет, а полицијата изјавила дека починал како последица од гушење со јагленмоноксид.
Кога му бил пребаран телефонот, полицијата пронашла пораки од Мишел во кои таа го поттикнувала да изврши самоубиство. Таа не само што го убедувала тоа да го направи и покрај неговите панични пораки дека се плаши од смрт, туку на никому не кажала дека Конрад сака да се убие.
Иако самоубиството е извршено минатата година во јули, Мишел е обвинета на 5-ти февруари годинава. Обвинителот потврдил дека постојат вакви СМС пораки. Адвокатот на девојката изјавил дека таа не извршила никаков злочин и дека најверојатно обвинението ќе биде повлечено.
Мишел исто така организирала добротворен турнир за да добере пари во чест на својот пријател, а поставувала и негови фотографии на социјалните мрежи со коментари дека многу и недостига. Мишел поставила и телефонски броеви на ординација за помош на оние кои сакаат да извршат самоубиство.
Судот и одредил кауција од 2.500 долари и и забранил пристап на Интернет. Покрај тоа што девојката не смее да ги користи социјалните мрежи, таа не смее да на никој да му праќа СМС пораки освен на своите родители.Конрад Рој (18) извршил самоубиство на паркинг просторот пред еден супермаркет, а полицијата изјавила дека починал како последица од гушење со јагл



