ВИСТИНА за работата на крузери: „Иако сите имаат малку слободно време, сепак секој има секс со секого!“

Работата на крузери можеби звучи совршено – патување по светот, запознавање на други култури и голема плата, но оваа работа е сѐ, само не тоа. Сите валкани тајни кои ги чува просторот под палубата на луксузни, пловечки хотели ги открива Брајан Дејвид Брунс, првиот Американец во историјата на компанијата „Carnival Cruise” кој го одработил целиот свој договор без да даде отказ, пишува net.hr.Во книгата „Cruise Confidential“, Брајан опишал неверојатни детали од својата работа кои се однесуваат на многу секс, омраза, угнетување и забава.
„Како келнер на бродот Carnival’s Legend, работев по 100 часа неделно и тоа 15 недели по ред, а потоа едноставно престанав да бројам. Немав слободен ден 10 месеци. Платата никако не одговара за одработените часови, па поради тоа ретко ќе видите вработени од развиените земји“.
„На бродот добивав само два ручеци на секои осум дена. Инаку работев за секој доручек, ручек и вечера. Секој ден. Најлошиот дел од работата е чувството дека работодавачот ве поседува. Корпорацијата контролира сѐ што јадете, кога јадете, кога можете во тоалет… апсолутно сѐ. Ако еден ден веќе сте одработиле 12 часа, а тие ви наложуваат дека треба да работите уште четири – тоа и ќе го направите“.
„Исто така, она што ве убива во поим е начинот на кој ви е распореден денот – никогаш не можете да спиете цела ноќ. Главно би можеле да споиме четири до пет часа сон во една вечер и тоа откако ќе одработевме по 12 часа“, открива Брајан во својата книга.

Брунс како келнер бил платен помалку од 50 долари месечно и зависел од бакшишот. Вработените на бродот морале некако да го преживеат својот тамошен престој.
Во тоа им помагал сексот. Многу, многу секс. И потсмевање со гостите.
„На крузерите сите имаат секс со секого. Тоа е ретка прилика да се вкуси светот, ако можам да се изразам така. Екипите ротираат на неделна база, па секогаш е достапна нова бродска романса. Вистинските врски се речиси невозможни за одржување кога работиш 100 часа неделно во ротирачки смени. Познавам едвај неколку парови кои успеале во тоа. Но, романсите меѓу вработените и гостите се строго забранети. Ако ве фатат веднаш добивате отказ и ќе ве исфрлат на првото пристаниште. Ретко кој сака толку да ризикува“, вели Брунс.
Персоналот од бродот и тоа малку слободно време што го има, го користи за забави. Тие кратко траат, обично од полноќ до три часот наутро.
Понекогаш две различни двојки имале секс истовремено во една мала кабина, а ги делела само една завеса. Келнерките често завршувале во кревет со бродските офицери, со надеж дека ќе им помогнат да најдат подобро сместување и помалку напорна работа.Во книгата „Cruise Confidential“, Брајан опишал неверојатни детали од својата работа кои се однесуваат на многу секс, омраза, угнетувањ

Пронајдете не на следниве мрежи: