Животна приказна: „Последната желба на мојата сопруга беше да ми пронајде нова љубов“

Кога 39-годишната Клер Маремуту дознала дека има неизлечива болест, своето останато време за живеење го искористила обидувајќи се на нејзиниот сопруг да му најде нова љубов, која би била добра мајка за нивните две деца.Клер Маремуту (39), му договарала состаноци на сопругот од болничкиот кревет. Таа побарала помош од медицинскиот персонал од болницата Вестон Хоспис во Сомерсет, во која ги поминала последните денови од животот.
Иако нејзиниот сопруг Џон не бил подготвен да најде нова љубов, Клер цврсто одлучила дека покрај Џон мора да стои жена која ќе го сака него и нивните синови Џек (10) и Бен (7).
Иако ја болела помислата дека Џон ќе биде со друга жена, таа своите чувства ги ставила настрана и се сконцентрирала на она што сметала дека ќе биде најдобро за нејзиниот сопруг и синови.
„Не бев подготвен, бидејќи се плашев од реакцијата на синовите. Би можеле да помислат дека се обидувам да ја заменам нивната мајка“, рече Џон.
Клер починала во февруари 2007 година, а пред да почине, Џон ѝ ветил дека ќе најде нова љубов.
Тоа и се случило. Имено, желбата на Клер се исполнила кога Џон неколку месеци по нејзината смрт ја запознал Џули Мекфарлан, која веќе имала две деца – Изабел и Џон.
Џон навистина се вљубил во Џули, а двете семејства почнале заеднички да живеат една година подоцна. Двојката стапи во брак во 2012 година.
„За време на говорот на венчавката, зборував за Клер и за времето кое заедно го поминавме. Ја открив и нејзината желба да запознаам некој посебен. На сите им реков дека мислам дека Клер ни се смее од небото. Сакаше да бидеме среќни и мислам дека сега би била задоволна“, рекол Џон.Клер Маремуту (39), му договарала состаноци на сопругот од болничкиот кревет. Таа побарала помош од медицинскиот персонал од болницата Вестон Хоспи

Пронајдете не на следниве мрежи: