Како да го забрзате растот на косата?

Одучивте да ја пуштите косата и посакувате што побрзо да порасне? Иако не се можни чуда како во бајките, растот на косата можете да го забрзате со неколку трикови. Еве кои.Секако, морате да имате во предвид дека брзината на растот на косата е одредена од бројни генетски фактори, диети, но и физичкото и менталното здравје. Доколку сте под стрес и тоа може да биде причина за слабеење и спор раст на косата.
Храна
Доколку се храните здраво, сте го направиле вистинскиот чекор кон здрава коса. Посебно е важно вашата храна да биде богата со протеини- немасно месо, риба, млечни производи и јајца.
Масажа на темето
Подобрувањето на циркулацијата на темето е важно за поттикнување на растот на косата, а доколку во тоа ја вклучите здравата алое вера резултатот може да биде феноменален. Потребно е само да втриете гел од алое вера на темето, на сувата коса, пред спиење секоја вечер. Некои луѓе тврдат дека на ваков начин ќе се ослободиле од ќелавоста.
Маска
Се верува дека со топла маска од маслиново масло (доколку ја нанесувате секој ден) можете да ја натерате косата да порасне дури 7 см за 7 дена. Потребно е само топлото загреано маслиново масло да го втриете на темето и на косата држејќи ја главата надолу 4 минути. Потоа замотајте ја косата и оставете да делува 2 часа. Потоа измијте како и обично.
Уште еден микс се наведува како ефективен. 4 лажички нерафиниран путер од семе од коноп и 5 капки масло бета каротен. Измешајте ги состојките и загрејте додека путерот не се растопи. Нанесете на темето и масирајте 20 минути. Замотајте ја косата во кеса и преспијте со таа маска. Измијте ја косата следниот ден со топла вода, оваа маска нанесувајте ја еднаш неделно.Секако, морате да имате во предвид дека брзината на растот на косата е одредена од бројни генетски фактори, диети, но и физичкото и менталното здра

Пронајдете не на следниве мрежи: