Валентина Мауреира (14) од Чиле, која страда од цистична фиброза, објавила видео на Јутуб во кое моли за еутаназија. Таа од болничкиот кревет и се обраќа на претседателката на Чиле Мишел Башел и ја моли да и дозволи да умре достоинствено.„Барам итно да разговарам со претседателката, бидејќи повеќе не можам да живеам со оваа болест. Ми треба нејзино одобрение за да примам инекција која заескогаш ќе ме успие“, вели оваа девојка, чиј постар брат починал од истата болест кога имал само 6 години.
Алваро Елизаде, кој ја застапува претседателката, вели дека е „невозможно некој да не биде трогнат од нејзиното барање, но дека е исто така e невозможно нејзината желба да биде остварена“, бидејќи тоа не е во согласност со законите во Чиле. Во таа прилика рекол дека министерството за здравство е во контакт со семејството на Валентина и дека и е обезбедена сета неопходна психолошка помош, како и сите достапни медицински третмани.
Валенитина страдала од болест на респираторните органи и неухранетост кога на 30-ти јануари била примена во болница, вели нејзиниот доктор, Андреас Кастиљо.
„Моментално третманот е усмерен кон нејзината неухранетост, а персоналот и пружа голема поддршка“, вели докторот.
Погледнете го обраќањето на малата Валентина.
„Барам итно да разговарам со претседателката, бидејќи повеќе не можам да живеам со оваа болест. Ми треба нејзино одобрение за да примам инекц



