Ефектот на мајонезот врз косата е посилен отколку влијанието на купените препарати, а потребно е да ја третирате косата барем еднаш неделно со оваа домашна смеса.Благодарение на своите особини мајонезот е во состојба да предизвика толку добар позитивен ефект, кој понекогаш не можат да го постигнат многу индустриски средства за нега на коса.
Звучи како прилично необична компонента за нега на косата, но користа која ја носи за сувата, оштетена и ослабена коса е непроценлива, го стимулира растот, ја хидратизира и ѝ дава здрав природен сјај.
Доколку сакате вашата коса повторно да стане здрава, свиленкаста и сјајна, обрнете внимание на маските со мајонез. Тие обично ја јакнат косата, ја прават еластична, ја подобруваат нејзината сртуктура, и се идеално решение за оние на кои косата им расте споро.
Неопходно е да знаете дека за нега на коса најдобар е домашниот мајонез. Секако, можете да користите и мајонез од продавница, но во неговиот состав нема баш природни, свежи и корисни состојки.
Исто така важно е да се напомене дека најдобро е да ја нанесете маската на валкана немиена коса.
Мајонезот нанесете го на влажна немиена коса и распордете го по целата должина, од коренот (доколку косата е премногу сува), па до краевите. Потоа ставете најлон кеса, а потоа замотајте ја главата со крпа и оставете да отстои најмалку 30 минути. Потоа темелно измијте со топла вода, шампон и балзам за коса, за да го елиминирате мирисот.
Бидејќи мајонезот има многу мрсна структура, вашата коса ќе ви биде благодарна, а вие ќе ја забележите неверојатната, позитивна промена.Благодарение на своите особини мајонезот е во состојба да предизвика толку добар позитивен ефект, кој понекогаш не можат да го постигнат 



