Страшни последици: Ослабела 75 килогарми, но не го добила телото кое го посакувала!

Мелиса Фореман (44) од Лондон, мајка на две деца, во еден момент  достигнала килажа од  152 килограми, успеала скоро да го преполови тој број, губејќи 75 килограми. Сепак, нејзиното тело не било „тело од соништата“, на стомакот и бутините  ѝ се појавил огромен вишок на кожа.„Моето тело изгледаше како издишан балон. Го мразев тоа што моето тело во облека изгледаше многу поинакво од она како изгледаше без гардероба“, рекла Мелиса.
Вишокот килограми го изгубила  благодарение на операција на желудник, а често мислела дека нема да може да се ослободи од вишокот кожа. Го маразела својот одраз во огледалото.
Брзата храна како пријател и како најголем непријател
Причина за дебелеењето на Мелиса била страста кон брзата храна.
„Таа беше мој најдобар и најлош непријател. Бев дебело дете, потоа дебела тинејџерка и на крајот дебела жена“, рекла таа.
Појадокот понекогаш и го прескокнувала, но два хамбургери за ручек биле незаменлив дел од нејзината исхрана. Вечерата исто така била  преполна со калорична храна, а ужините биле  чипс и бисквити. Дневно внесувала и до 5.000 калории.

Децата како најголема мотивација
Мелиса во 2009 година добила близнаци и тогаш одлучила дека мора  да биде активна мајка, која со леснотија ќе си игра со своите деца.
Операцијата за вградување бајпас на желудникот го напрвила во Чешка. Килограмите ги губела постепено и по 18 месеци дошла до килажа од 77 килограми.
Почнала да тренира, и храбро отишла на друга операција, а потоа и на трета. За отстранување  на вишокот кожа биле потребни две хируршки интервенции и три месеци. Закрепнувањето било тешко.

„Се исплатеше, пластичните операции ми „дадоа“ тело за кое толку многу се трудев“, рекла Мелиса.
Новата мајка сега може да трча, може се.
Мелиса за својата трансформација пишува и на својот блог, каде корисни совети можат да најдат сите оние кои имаат слични проблеми.„Моето тело изгледаше како издишан балон. Го мразев тоа што моето тело во облека изгледаше многу поинакво од она како изгледаше без гардероба

Пронајдете не на следниве мрежи: