ПОДГОТВЕТЕ СЕ НА ВРЕМЕ: 22 совети со кои ќе заштедите за летување!

Колкупати досега сте сакале некаде да патувате, но веднаш кога ќе ви текне на трошоците кои ве очекуваат – веднаш се откажувате. Не очајувајте, бидејќи само неколку совети се доволни за да ви заштедат пари по пат.1. Патувајте со пријатели – секогаш е поевтино ако патувате со повеќе лица.
2. Резервирајте поевтини летови – букирајте го својот лет преку некоја нискобуџетна авиокомпанија и заштедете пари.
3. Во авионот не ви требаат ниту кафе, ниту сендвич – тоа дополнително ќе го платите ако летате со поевтини авиокомпании. Причекајте да слетате, па потоа одете да јадете некаде.
4. Пронајдете евтино патничко осигурување – било какво патно осигурување е подобро од ниедно.
5. Истражете што нуди приватниот сектор – немојте нужно да резервирате хотел.
6. Пробајте да изнајмите куќа или апартман ако одите на подолго време – поевтино е од хотел.
7. Размислете за тоа да преспиете во хотел – со цимер во соба. И поделете го трошокот по пола.
8. Поздравете се со мобилниот телефон – заштедете на роаминг.
9. Проверете го пасошот – ако е пред истекување, навреме извадете нов.
10. Пред да тргнете во сопствениот аранжман, проверете ги и понудите на туристичките агенции. Ништо не ве чини, а би можело да биде поевтино.

11. Изнајмете туристички водичи.
12. Ако фатите WiFi, јавете се дома преку WhatsApp или Viber.
13. Користете страници за споредба на цените на летови и хотели.
14. Паметно трошете ги своите пари – закочете кога ќе видите дека ќе ви се испразни џебот.
15. Ако патувате со повеќе луѓе, купете само еден шампон и паста за заби. Делува ситно, но ќе заштедите пари.
16. Преземете бесплатни апликации за разгледување на градот.
17. Ако баш не морате да патувате со авион, размислете да патувате со автобус или автомобил. Може да биде поевтино, посебно кога станува збор за повеќе личности.
18. Бидете флексибилни! Прилагодете се кон нештата и не лудувајте.
19. Запознајте се со локалните жители кои ќе ви покажат кои се најевтините ресторани и клубови.
20. Ако сте студент, понесете го својот индекс, студентска исправа или ISIC картичка.
21. Ако имате време и немате работа, размислете на патувањето да пронајдете работа. Којзнае што ви подготвува животот!
22. Ранец на грбот и одете каде што ве носат нозете. Дури можете да си земете и шатор.1. Патувајте со пријатели – секогаш е поевтино ако патувате со повеќе лица.
2. Резервирајте поевтини летови – букирајте го свој

Пронајдете не на следниве мрежи: