Eдна од највлијателните британски деловни жени објасни како го преживеала распаѓањето на својот брак, и како му се одмаздила на својот сопруг за неверството.Уште како мало девојче Мишел Моне сонувала за тоа како еден ден ќе има куќа како од Династија.
Желбата и се остварила кога таа и нејзиниот сопруг Мајкл купиле куќа во елитно село, на 20-тина километри оддалечено од Глазгов, во пределот кој уште го нарекуваат „улица на милионерите“.
Проблемите почнале уште во 1999 година, кога поради работни обврски бракот им западнал во криза, но вистинските проблеми почнале во 2011 година, кога Моне за нова главна дизајнерка во својата фабрика која се занимава со градници ја донела 31-годишната Саманта Бан.
Девет години помлада од Мишел, Саманта набргу создала многу близок однос со Мајкл, пишува Daily Mail.
Откако отворено го прашала дали ја изневерува, Мајкл на својата сопруга и одговорил дека е луда и дека треба да побара психијатарска помош.
Мишел тогаш побарала помош од приватен детектив кој многу брзо и доставил докази за љубовна афера на нејзиниот сопруг и неговата вработена.
И тогаш на сцена стапува бесот на една изневерена жена.
Мишел најпрво со нож му го изгребала скапоценото „Порше“, а потоа му ставала лаксативи во кафето, му ја издупчила омилената облека.
Војната на богатите сопружници продолжила со битка за контрола во фирмата. Откако преку помалите акционери успеала да дојде до мнозинскиот пакет, го исфрлила сопругот и љубовницатаи им поскала многу среќа во понатамошниот живот.
„Сè уште не знам што ќе правам понатаму, иако сега многу повеќе им се посветив на децата и на самата себе си. Ако нешто научив од својот пропаднат брак, тоа е дека материјалните работи дефинитивно не значат среќа и живот“ вели Мишел Моне. Уште како мало девојче Мишел Моне сонувала за тоа како еден ден ќе има куќа како од Династија.
Желбата и се остварила кога таа и нејзиниот



