Жената која на својот млад свршеник потрошила 7.000 фунти(околу 8.700 евра) открила дека тој е веќе оженет кога на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил венчален лист. Трејси Џексон го запознала Атеф Кадраоуиј од Тунис кој кој е 20 години помлад од неа.Тие се запознале по пат на интернет. Во текот на следните 4 години 48 годишната жена не штедела за ништо и постојано му праќала подароци и пари. Се вериле, но наместо да се венчаат таа открила дека тој е веќе оженет.
Сега, Трјеси, која инаку е мајка на две деца, тврди дека Атеф дури и дел од парите кои му ги праќала ги употребил за да ја финансира својата тајна свадба.
„Уверена сум дека барем дел од парите ги употреби за венчавката со другата жена. Ми го скрши срцето, но и сметката во банка! Останав во долгови….“
Вака Трејси ја започнува својата трагична приказна…
Тие се запознале на една веб страница за запознавање. По неколку пораки , разговорот им продолжил на Скајп.
„Ме молеше да дојдам да се запознаеме. Но поради проблемите кои ги имав со цревата не можев ништо да работам и морав да примам инвалидна.Му реков дека тоа малку ќе потрае додека да соберам пари и од секој чек одвојував по 70 фунти. Кога го прашав зошто толку младо момче е заинтересирано за мене ми рече дека не може да бира во кого ќе се заљуби.
Но, јас и покрај толку романтичните изјави се плашев од нашата средба.
Од 19 години имав колотомска вреќичка и бев загрижена како ќе реагира кога ќе ме види. По шест месеци заштедов доволно пари, отидов таму а тој ме третираше како принцеза. Знаев дека ќе се заљубам. Му реков дека не можам да му родам дека и да си најде некоја врсничка но тој ми кажа да не зборам вакви работи. Во текот на следните денови, не ја напуштавме собата и навистина мислев дека ја пронајдов мојата среќа.
Кога се вратила дома момчето толку многу и недостигало што земала кредит со висока камата за да може повторно да оди кај него.
Другиот ден по моето доаѓање ми приреди забава и ме запроси. Мислев дека тоа е пребрзо но се занесов. Малку се посомневав кога танцуваше со една жена но ме увери дека се само пријатели. Ден пред моето доаѓање дома ми рече дека мора да плати казна од 300 фунти или ќе го пратат во војска. Неможев да поднесам да не го видам па му пратив пари.
Тој мислеше дека сум богата, но всушност јас купував ефтина храна, понекогаш и ги прескокнував оброците. Сепак мислев дека тој ќе ми биде маж и дека се што е мое е негово.
Му пратив безброј подароци , мобилни телефони, козметика“- се присетува оваа жена.
По посетата во Тунис во 2003 година, четири години по нивната средба, Трејси започнала да се сомнева. Секогаш седела во неговата семејна куќа но сега Атеф и рекол дека на неговите родители им треба одмор. Откако дала 600 фунти за седум дена во хотел, таа кажува дека својот свршеник не го ни видела.
„Не сакаше повеќе да води љубов со мене, ме оставаше во апартманот и излегуваше надвор. Се однесуваше како да не сака да биде со мене.Не го познавав јазикот па останува сама во апартманот. Разговаравме за нашата иднина, венчавка па се се врати повторно по старо…
СЕ СОМНЕВАМ ДЕКА ВО МЕНЕ ГЛЕДАШЕ САМО КАКО ЖИВ БАНКОМАТ-Само по неколку недели нејзиниот свет се срушил…
Влегла во неговиот Фејсбук профил и имала што да види. Пронашла пораки од некоја жена по име Марием. Таа и кажала дека е во врска со Атеф и дека тој ја искористува поради пари. Кога кликнала на нејзината слика почувствувала мачнина… Марием била жената со која тој танцувал на нивната свршувачка… Му се јавила да дојде да разговараат но тој тврдел дека таа жена е само луда и заљубена, ништо повеќе…
„Не се слушнавме некое време па отидов на неговиот Фејсбук профил и видов дека објавил венчален лист и се оженил со Марием. Му се јавив и го прашав дали со моите пари ја платил венчавката а тој само се смееше. Беше толку понижувачки. Никогаш не ми се извини и ништо не ми објасни! Понекогаш мислам дека никогаш не ме сакал туку во мене гледаше само жив банкомат!“Трејси Џексон го запознала Атеф Кадраоуиј од Тунис кој кој е 20 години помлад од неа.Тие се запознале по пат на интернет. Во текот на следните 4 го



