По вежбањето во теретана, 21 годишната Мејзи одлучила да се почасти со чоколадо, што се покажало како фатална грешка. Мејзи Дурант веројатно боледувала од ретка болест позната како анафилаксија поттикната од вежбањето при што вежбањето поттикнува силна и потенцијално фатална алергиска реакција.Мејзи отсекогаш била алергична на јаткасти плодови, но внимавала на намирниците кои ги внесува во организмот, па евентуално благите реакции ги држела под контрола со лекарства кои можат да се купат без рецепти.
По вежбањето во теретана, 21-годишната Мејзи купила чоколадо потполно несвесна дека таа содржи траги од јаткасти плодови. Кога дошла дома, го изела чоколадото и се онесвестила. Нејзиниот татко во шок повикал итна помош, па со нив се упатил во болница во која младата девојка набрзо починала, пред очите на таткото.
Експертите тврдат дека вежбањето може да го влоши симптомите на алергија на јаткасти плодови затоа што предизвикува „пропустливост“ на желудникот. Тоа дозволува алергените побрзо да влезат во крвта, па крвта побрзо се движи низ телото. Таткото на мејзи изјавил дека нејзината контрола на алергија не функционирала овој пат само затоа што вежбала.
„Таа од неодамна почана да се занимала во фитнес, а отсекогаш внимавала да зема таблети за својата алергија. Но сепак требало да биде информирана за анафилаксијата и некој требало да ја подучи подобро за опасностите кои алергиите ги носат со себе. Она што јас би сакал е сите кои имаат алергија да бидат потполно опремени и едуцирани“, истакнува таткото на Мејзи и додава
„Мислам дека никој не може да сфати како е кога гледате нешто такво. Беше ужасно. Докторите сторија се што можеа“.
Мејзи отсекогаш била алергична на јаткасти плодови, но внимавала на намирниците кои ги внесува во организмот, па евентуално благите реакции ги држе



