Важно е да се знае кој е најдобриот избор за оброк по тренингот, а тоа прашање може да делува збунувачки без оглед дали вашата цел е да ослебнете, да станете мускулести, или едноставно се грижите за телото и здравјето.Постојат многу препораки за тоа што треба да се јаде по тренингот, колку некои намирници навистина му се потребни на организмот и која храна може да го овозможи тоа. Затоа, сега ќе издвоиме пет намирници со кои можете да се почестите и во кои апсолутно можете да уживате по вежбањето.
Боровница по возењето велосипед
Слабост во мускулите по интензивно возење велосипед? Боровницата не е само вкусна и практична, туку е вистински рудник на антиоксиданси, витамини и минерали кои ќе помогнат при опуштањето на болните мускули и го забрзува закрепнувањето.
Ананас по аеробик
Земете ананас кој е чувар на ензимот бромелаин, кој е природен лек против воспалителните дејствија и ја ублажува и лечи болката, но и слабоста во мускулите која се појавува по напорните вежби.
Грав по пливање
По напорното вежбање се намалува нивото на калиум во телото, што може да влијае на рефлексите, како и на нервниот и мускулниот состав. Една чинија варен грав има повеќе од 900 милиграми калиум, а тоа количество е совршен додаток на супата и салатата.
Млеко после јога
Враќањето на течноста и електролитите кои сте ги изгубиле преку потење, е есенцијален дел од рутината по вежбањето. Млекото е одлично решение, бидејќи содржи електролити на натриум и калиум. За дополнителна доза на протеини, се препорачува консумација на бадемово млеко.
Зеленчук по трчање
Темниот зеленчук, како спанаќот и кељот, е збогатен со калциум и магензиум, па тоа е идеално решение за ослободување од грчевите во нозете кои можат да се појават по трчањето. Додадете и сок од лимон, бидејќи витаминот Ц ќе го подобри апсорбирањето на железо.Постојат многу препораки за тоа што треба да се јаде по тренингот, колку некои намирници навистина му се потребни на организмот и која храна може д



