Доколку мислевте дека само жените се депилираат, се лажете! Тоа го прават и мажите, а нивните причини се различни- од здравствени, естетски и од желба да заблескаат во полн сјај во теретана или на модната писта. Не се ретки ниту оние кои се одлучуваат за депилација на интимниот предел.„За отстранување влакна по телото, градите и грбот се одлучуваат пред се помлади мажи кои одат во теретана и сакаат да се покажат во полн сјај и да ги дефинираат своите мускули. Вакви услуги бараат и мажите од јавниот живот кои се занимаваат со манекенство, мода или актерство. Постои и група средовечни менаџери кои сакаат да се ослободат од влакната пред тие да го изгубат пигментот и поседат.
Мажите се повеќе се одлучуваат да ги отстранат и влакната од гениталните регии и при тоа се одлучуваат на бричење, креми за депилација или восок за депилација.
„Отстранувањето влакна од гениталниот регион кај мажите обично се практикува поради подобро одржување на хигиена. Мажите се почесто ги отстрануваат и влакната под пазувите“, вели др. Исмаиловиќ, дерматолог.
Докторката нагласува дека мажите често се одлучуваат на депилација не само поради моден тренд, туку и поради зачестена појава на воспаление на коренот на влакното.
„Мажите ги отстрануваат и влакната од вратот и така спречуваат ураснување, а има и такви кои не ги сакаат на јагодиците на лицето. Тие инаку се бричат во пределот на брадата и така на кожата и обезбедуваат секојдневен пилинг што делува позитивно на затегнатоста на кожата и ја ублажува појавата на брчки“, вели дерматологот.„За отстранување влакна по телото, градите и грбот се одлучуваат пред се помлади мажи кои одат во теретана и сакаат да се покажат во полн сја



