Кога во декември минатата година на Сара Родригез од САД, мајка на девојче тогаш старо месец дена, докторите ѝ рекле дека бебето нема да преживее се повлекла во болничкиот тоалет каде се помолила за чудо.Малата Елис на само две недели старост добила бактериски менингитис поради што била приклучена на апарати бидејќи не можела самостојно да диши.
„Ми рекоа дека ситуацијата е полоша отколку што мислеле, дека мозокот ѝ е отечен и дека Елис, и во случај да продолжи да диши, ќе биде како билка“, рекла Сара.
„Земав слободен ден и одлучив да го поминам со нејзе за да се простам“, рекла мајката која земала отпечатоци од дланките и стапалата на бебето за спомен. Кога дошол моментот за исклучување на апаратите мајката била покрај бебето и тогаш, како што раскажала, се случило чудо. Иако докторите биле уверени дека тоа е невозможно, Елис почнала да диши самостојно.
Првиот час ја нишав и ѝ читав приказна, бидејќи до тогаш немав таква прилика. Се простував од неа, ѝ реков дека денес ќе го запознае својот татко“, рекла Сара уверена дека животот на малата Елис ќе згасне во секој момент.
Но Елис продолжила да диши и месеци подоцна, и по неколку лекарски прегледи било утврдено дека нема никакви оштетувања на мозокот. Говорот на девојчето се развивал нормално и еднакво како и кај останатите бебиња. Еден доктор рекол дека Елис се насмевнала во лицето на медицината.
Инаку, 33- годишната Сара во 2013 година остаала без сопругот кој починал од рак на бубрезите. Бидејќи не можеле да имаат бебе, Сара отишла на вештачко оплодување и така го добиле синот Мајк. По смртта на сопругот, Сара одлучила да ги искористи преостанатите јајце клетки кои останале од првото оплодување и така ја добила Елис. Сара вели дека секој ден се бори со загубата на сопругот, а борбата за живот на Елис ѝ помага многу во тоа.Малата Елис на само две недели старост добила бактериски менингитис поради што била приклучена на апарати бидејќи не можела самостојно да диши.
Пронајдете не на следниве мрежи:



