Нејзиниот сопруг има уште три жени, по 24 години одлучила да го остави…

Реалити емисијата „Sister Wieves“ е многу популарна во Америка. Таа го следи животот на полигамно семејство во кое еден маж има четири жени и 17 деца. Но сега неговата прва жена одлучила да се разведе од него.Во најавата од последната епизода од шестата сезона Мери (42) открила дека одлучила да се разведе од својот сопруг, Коди Браун (44), со кого е во „духовна зеденица“ веќе 24 години.
Од TLC откриваат дека во последната епизода од оваа сезона се откриваат детали за одлуката на Мери да се разведе.
Во најавата од последната епизода Мери во солзи вели „Се разведувам од Коди“.

Коди, кој е во „духовна заедница“ и со Кристин (41) и Џанел (44), се венчал официјално дури со четвртата жена, Робин (34). Одлуката официјално да се венча со Робин ја донел за да може да стане старател на нејзините три деца, кои ги има од предходниот брак.
Но Робин долго се премислува, бидејќи не знаела дали може да биде во брак со некого кој има уште три жени.
„Некои денови сум пресреќна, кога Коди ми посветува внимание и ми покажува љубов, а некои денови се пршувам што го привлекува кај мене“, признава Робин.

Коди има едно дете со Мери, шест со Џанел, шест со Кристин и едно со Робин, што со нејзините три се 17 деца.
Оваа емисија има за цел да прикаже како функционира полигамно семејство и почнала да се емитува во 2010 година на TLC.
Погледнете ја најавата за последната епизода од шестата сезона.Во најавата од последната епизода од шестата сезона Мери (42) открила дека одлучила да се разведе од својот сопруг, Коди Браун (44), со кого е во &

Пронајдете не на следниве мрежи: