Климатските промени би можеле да доведат до тоа плодовите од семејството на бананата да станат клучна храна за милиони луѓе, открило ново истражување.Истражувачите од „CGIAR“ земјоделско друштво рекле дека овошката би можела да го замени компирот во некои земји во развој.
Луѓето ќе мораат да се навикнат на новата храна бидејќи традиционалните плодови се повеќе пропаѓаат и ја губат борбата за опстанок.
Истражувањето предвидува дека одгледувањето на три главни калорични житарки: пченка, ориз и пченица ќе опадне во многу земји во развој. Научниците додале дека компирот, кој најдобро успева во поладните предели, може да претрпи пад на производство поради зголемување на температурите и промената на глобалната клима. Авторите полемизираат дека овие промени „можат да направат простор за одгледување одредени видови банани“ на повисока надморска височина, дури и на оние места каде моментално се одгледува компир. Постојат неколку стотина видови банани меѓу кои и плантаин, кој е брашнест и полн со скроб, како компирот, пренесува ВВС.Истражувачите од „CGIAR“ земјоделско друштво рекле дека овошката би можела да го замени компирот во некои земји во развој.
Луѓе



