Џулија Берет (46) од Англија имала среќен брак со Глен (55) се додека не ја открила неговата тајна. Глен, додека таа мислела дека работи, се допишувал со жена која ја запознал на интернет. Поради нејзе ја оставил својата жена со 4 деца.Глен и Џулија се запознале во 1986 година. Таа тогаш имала 17 години, а тој 26. Нивната врска набрзо станала сериозна и тој набрзо ја запросил.
Тие добиле 4 деца и имале идиличен брак се додека таа, по 20 врска, не открила што тој крие на таванот кој го преуредила за него и го претворила во домашна канцеларија.
„После некое време почна да поминува премногу време во својата нова канцеларија. Ми рече дека сака да изигра игра кога ќе заврши со се и да се опушти, па се смирив“, вели таа.
Но како што минувало времето тој на таванот се задржувал се повеќе.
„Почнал да го запоставува семејството, но јас се убедував дека тоа е само период кој ќе помине и дека има премногу работа. А потоа во март 2006 година се вратив дома и затекнав дома зготвена вечера. Се изненадив,бидејќи Глен никогаш претходно не готвел. Но веднаш почувствував дека тоа не е романтичен гест. Кога седнавме да јадеме, морав да го прашам за што се работи. Тогаш ми кажа дека не е среќен, и дека веќе пет години не чувствува ништо кон мене и дека сака да ме напушти“.
Таа го молела да размисли уште еднаш, поради децата, но Глен цврсто решил да замине.
„Веднаш почнав да размислувам за тоа како ќе издржам сама со децата. Имав 38 години. Ние двајца бевме заедно две децении и во брак 15 години. Во следните неколку недели со сила с смеев пред децата. А потоа добив порака од Глен во која вели дека ја напуштил земјата поради работа. Тогаш во мене се разбуди сомнежот.“
Не ѝ одговарал каде заминал и неколку недели н е добил веси од него.
„Се чувствував ужасно. Ми требаше некој да ми помогне околу децата, ми недостасуваше човекот кој го сакам, а немав поим каде е. Дури по неколку недели ми се јави дека се вратил во Англија.. тогаш ми призна дека бил во Бризбејн Австралија. Запознал жена на интернет и отишол да ја види и уживал. Таа заедно со него дошла во Англија. Бев уништена. По само седум недели тој најде друга. Тогаш се сетив на оние ноќи кои ги минување на таванот. Сигурно тогаш зборувал со нејзе“, вели Џулија.
Некое време Џулија била сама, се грижела за децата и се трудела да не размислува за тоа што сопругот ѝ правел зад грб, на таванот кој го направила за него.
По неколку години го запознала Пит (52) и од тогаш е со него.
„Глен беше многу љубоморен кога слушна дека сум во врска. Поготово затоа што неговата врска траеше само 6 месеци. Но не ми е жал – тој го жртвуваше своето семејство поради жена која не ја ни знаел. Ми требаше многу време да закрепнам од неговото неверство, но сега сум подготвена да продолжам понатаму“, вели Џули.Глен и Џулија се запознале во 1986 година. Таа тогаш имала 17 години, а тој 26. Нивната врска набрзо станала сериозна и тој набрзо ја запросил.



