60-годишната Сју Џонсон од Хјустон ја споделила со читателите на списанието „Hajpervokal” својата љубовна приказна која благодарение на социјалните мрежи го воодушевила светот.„Мојот мил сопруг Џон и јас бевме во брак 46 години. Секоја година за денот на вљубените тој ми праќаше букет цвеќе со порака од пет едноставни зборови: „Мојата љубов расте за тебе“. Четири деца, 46 букети и живот преполн полн со љубов се неговото наследство кога почина пред две години“, напишала госпоѓа Џонсон.
На првиот Ден на вљубените кој требало да го помине сама, 10 месеци откако го загубила сопругот, Сју била шокирана која ѝ пристигнал прекрасен букет.
„Беше од Џон. Лута и со скршено срце се јавив во цвеќарата за да им објаснам дека се работи за грешка. Тие ми објаснија:„Не госпоѓо. Не се работи за грешка. Пред да почине, вашиот сопруг плати неколку години однапред и бараше да му гарантираме дека ќе продолжите да добивате цвеќе на Денот на вљубените“. Со срцето во грло ја спуштив слушалката и ја прочитав пораката која беше закачена за букетот. На нејзе пишуваше: „Мојата љубов за тебе е вечна“, додала Сју.„Мојот мил сопруг Џон и јас бевме во брак 46 години. Секоја година за денот на вљубените тој ми праќаше букет цвеќе со порака од пет едностав
Пронајдете не на следниве мрежи:



