Неговиот татко починал од рак, го загубил покривот над глава, му откажале бубрезите… тогаш, таа му донираше бубрег, но му го подари и срцето!

Ешли Мекинтир за првпат слушнала за Дени и неговата тешка животна судбина од нејзината мајка, која ѝ раскажала за него откако преку локалното радио во Кентаки дознала низ што поминува. Во тој момент, Ешли немала претстава дека нејзиниот свет ќе се смени поради него!Во емисијата беше кажано како овој храбар 25-годишен дечко заболел од тешка нефропатија, поради која се обидува да го искомбинира работното време со повеќечасовните дијализи.
Нему итно му била потребна трансплантација на бубрег, но никој од членовите од неговото семејство не бил адекватен донатор.
„За Божиќ во 2011 година, семејната куќа на Дени изгорела до темел. Следната година, неговиот татко починал од рак на мозокот, па сега ова со бубрезите… тоа е навистина премногу за некој кој има само 25 години“, опишала Ешли како се чувствувала кога слушнала за него.

Таа не сакала да седи со скрстени раце и решила да му донира бубрег. Се испоставило дека таа е совршен донатор.
Кога операцијата била закажана, тие се договориле да се сретнат кон крајот на март 2014 година.
„Бев многу нервозна. Но, веднаш штом почнавме да зборуваме, се чувствував како да се знаеме цел живот. Си помислив дека Дени е момче на место и дека е добар човек“, вака Ешли ја опишала нивната прва средба.
Неколку дена подоцна, помеѓу нив се појавила хемија и сфатиле дека негуваат романтични чувства еден кон друг. Кон средината на мај, веќе им било јасно дека станува збор за голема и вистинска љубов.
„Уште од самиот почеток ми беше јасно дека тоа е тоа“, признала Ешли.
За Божиќ, Дени ја запросил пред членовите од семејството, а сега тие веќе и очекуваат и принова! Во емисијата беше кажано како овој храбар 25-годишен дечко заболел од тешка нефропатија, поради која се обидува да го искомбинира работното време с

Пронајдете не на следниве мрежи: