МОЌНИ ФОТОГРАФИИ: Родителите ги овековечиле последните поминати мигови со своите деца!

Идејата за настанувањето на овие фотографии, потекнува од ожалостената мајка Черил Хагард, која ја покренала инцијативата пред два месеци – кога за последен пат се простила од синот Медокс.Организацијата „Now I lay me down to sleep“, е единствена во светот по тоа што на необичен начин создава скапоцени сеќавања. На нивните фотографии се овековечени последните моменти кои родителите ги поминуваат со децата кои се наоѓаат на смртна постела, пренесе Mirror.

Службата стана популарна од кога почнала со работи во САД пред 10 години, а сега веќе има 1650 волонтери во 40 држави ширум светот.

„Кога болниците знаат за нашите услуги, тогаш имаме многу нарачки за фотографирање. Кога луѓето се свесни каков дар можеме да им подариме, среќни се што можат да го искористат тоа. Идејата е добро прифатена и во Велика Британија. Тагата не познава државни граници, таа доаѓа каде и да живеете и привилегија е што можеме да понудиме таков непроценлив дар“, изјавила Робин Ериксон, претседател на одборот на NILMDTS.

Черил Хагард, мајката која ја покренала оваа инцијатива, морала да ја донесе најтешката одлука во својот живот – да го исклучи синот од апаратите за одржување во живот. Пред нејзиниот син Медокс да ја загуби битката за живот, Черил решила да го фотографира. Тие фотографии ја инспирирале да ги сподели со родителите од целиот свет кои се нашле во иста ситуација.

Денес, таа ги здружила силите со 37-годишната мајка на две деца и фотограф Робин Ериксон и заедно се обидуваат да им го дадат последниот дар на родителите чија тага не може да се измери.

„За мене претставува чест да бидам заедно со родителите и засекогаш да ги забележам последните моменти кои тие ги поминуваат со детето“, заклучила Робин.
Организацијата „Now I lay me down to sleep“, е единствена во светот по тоа што на необичен начин создава скапоцени сеќавања. На нивните

Пронајдете не на следниве мрежи: