Милијана Де Соуза Силва од Бразил, подлегнала на операција за зголемување на задникот за која платила дури 4500 долари. Ѝ биле вбризгани 600мл супстанца позната како метакрилат, но набрзо по операцијата почнала да чувствува негативни последици, од кои можела да почине.Оваа 20-годишна девојка веќе ден по операцијата почнала да чувствува голема болка во пределот на ногата, но мислела дека тоа е нормално во постоперативниот период. Два дена подоцна, во потполно престанала да ги чувствува нозете и не можела да стои.
По 6 дена ја однеле во болница, каде утврдиле дека има сериозна инфекција предизвикана од оваа пластична операција.
„Ми рече дека ќе го зголеми задникот, но јас се обидов да ја разубедам. Знаев дека може нешто лошо да се случи, како што им се случува и на оние кои одат кај најдобрите светски хирурзи. Но, таа секогаш била тврдоглава и многу сакаше да има поголем задник, бидејќи отсекогаш беше слаба“, вели нејзината мајка Сандра.
Нејзината мајка поднела кривична пријава против пластичниот хирург, а Милијана и понатаму закрепнува во болница каде морале повторно да ја оперираат и да ѝ ги извадат имплантите. Таа сега се кае поради оваа одлука.
„Сакам да бидам таква каква што сум. Грда, убава, како и да е. Подобро да бидам слаба, отколку да минувам низ ова“, рекла таа.Оваа 20-годишна девојка веќе ден по операцијата почнала да чувствува голема болка во пределот на ногата, но мислела дека тоа е нормално во постопер



