Две семејства, чии бебиња биле заменети во болница пред 20 години, добиле отштета од скоро 2 милиони евра. На една клиника од југот на Франција ѝ било наредено да плати по 400.000 евра за девојките кои биле заменети кога биле бебиња, по 300.000 евра за тројцата родители и по 60.000 евра за три други деца.Бабицата случајно ги заменила бебињата. На 4 јули 1994 година, Софи Серано родила девојче на клиника во Кан. Нејзината ќерка Марион имала жолтица и била ставена во инкубатор со бебињата кои исто така имале жолтица. Но, децата биле вратени кај погрешни мајки.
Кога мајката на Софи се пожалила дека кожата на нејзината внука е потемна, ѝ било кажано дека за тоа се виновни светлата во инкубаторот. И двете мајки забележале дека нивните ќерки имаат различна должина на косата, но сепак решиле да ги однесат дома.
Три години подоцна, на Марион ѝ пораснала виткана коса и тенот ѝ бил маслинест, за разлика од тенот на родителите. Нејзиниот татко ги напуштил, бидејќи почнале да се шират гласини дека таа всушност е ќерка на поштарот.
Во 2004 година, ДНК тестовите покажале дека Марион не е негова ќерка, но и дека Софи не е нејзината биолошка мајка.
Истрагата покажала дека нивното биолошко дете се наоѓа во близина. Двете девојки ги запознале своите биолошки родители кога имале 10 години, но не барале да се вратат кај нив.
По завршената расправа на суд во декември, едната од нив изјавила:
-Тоа беше вознемирувачки момент. Замислете какво е чувството кога ќе се најдете пред својата биолошка мајка, која за вас е само странец.
По средбата, двете семејства се дистанцирале едни од други и веќе 10 години не одржуваат контакти.
Софи, која ја одгледала Марион, рече дека ѝ олеснало кога лекарите конечно ја признале грешката и дека тоа го чекала со години.
Другото семејство сакаше да остане анонимно за време на судењето.Бабицата случајно ги заменила бебињата. На 4 јули 1994 година, Софи Серано родила девојче на клиника во Кан. Нејзината ќерка Марион имала жолтица и



