Самјуел Форест вели дека неговата сопруга Рузен „сепак е мајка на неговиот син и дека тој и понатаму ја сака“. Него сопругата го напуштила откако тој се одлучил за синот со Даунов синдром кога таа му поставила ултиматум да бира помеѓу нив двајца. Тој сега тврди дека на неговата жена не треба да и се суди поради таквото однесување.Самјуел Форест вели дека се уште ја сака својата жена, без разлика на тоа што таа поднела барање за развод на бракот само недела дена по раѓањето на нивниот син.
„Дадов се од себе да ја убедам да го задржиме бебето, но нејзиното семејство смета дека сиропиталиштето е најдобро место за нашиот син. Дури предложив и да се преселиме во Нов Зеланд. Но нејзиното семејство цело време ме убедуваше да го дадам синот во сиропиталиште“, вели тој.
Без разлика на се, тој смета дека Рузен не треба кривично да одговара поради сето тоа.
„Нашите патишта се разидоа, но таа е мајка на Лео и јас и понатаму ја сакам. Таа и многу жени како што е таа се само жртви на социјалните норми кои владеат во Ерменија“, објаснува тој.
Исповед на мајката која го отфрли бебето со Даунов синдром
Сега тој собира пари за да може да му се посвети на Лео во потполност, барем во првите година дена. И собрал многу повеќе пари отколку што очекувал- дури 500.000 долари.
Дел од парите тој ќе ги употреби за да им помогне на другите подобро да разберат како да се изборат со децата со посебни потреби.
„Не ја обвинувам Рузен за ништо. Ја сакав оваа одговорност, а таа ја донесе својата одлука. Јас во потполност ги разбирам социјалните притисоци на нејзината култура. Многу фактори влијаеле на нејзината одлука. Јас ја сакам и ќе му раскажувам на Лео за нејзе. Сакам тој да знае колку е добра неговата мајка. И се надевам дека во иднина ќе стапи во контакт со него. Јас тоа нема да го спречам“, вели тој.Самјуел Форест вели дека се уште ја сака својата жена, без разлика на тоа што таа поднела барање за развод на бракот само недела дена по раѓањето н
Пронајдете не на следниве мрежи:



