КУЌА ОД ПЕКОЛОТ: Брачен пар живеел во купишта ѓубре со малолетниот син и животни!

Во Силверхил, во Алабама, откриена е ужасна глетка. Локалната полиција провалила во монтажната куќа од која се ширела неподнослива смрдеа, бидејќи имале налог за апсење на сопственикот. Но, кога влегле, биле затечени од она што го пронашле таму.Гилмер Едвардс бил пред апсење поради нераздолжени сметки, но добил уште една причина поради која ќе заврши зад решетки кога полицијата здогледала во какви услови живеел со сопругата, малолетниот син и две кучиња.
Монтажната куќа во која живееле била преполна со ѓубре, стара храна и измет од човечко и животинско потекло. Полицијата прво мислела дека никој не живеел во куќата, но се излажале.

Смрдеата во куќата била толку неподнослива што полицајците морале да влезат внатре со заштитени маски. Во куќата пронашле малолетно момче, две кучиња, 10 мачки и птица.
Гилмер и неговата сопруга уапсени се поради запоставување на детето и малтретирање на животни, а надлежните го одвеле детео кај роднини. Тие двајца чекаат судење и моментално се наоѓаат во затвор.
Гилмер Едвардс бил пред апсење поради нераздолжени сметки, но добил уште една причина поради која ќе заврши зад решетки кога полицијата здогледала

Пронајдете не на следниве мрежи: