Марија Мијаловиќ од селото Мозгово, кај Алексинац, која на 25 декември минатата година се породила во болницата во Алексинац тврди дека незиното бебе починало за време на породувањето поради лоша проценка на гинекологот Благој Пејковиќ, а случајот стигнал до Лекарската комора и министерството за здравје, јавуваат српските медиуми.„Бременоста ми беше уредна до последен момент. Ни на крај на памет не ми беше дека на породувањето ќе доживеам незамислив ужас. Нема да можам да ја извадам од глава сликата на своето мртво родено бебе. Ден порано, докторот Благој одлучи да ми го предизвика породувањето и ме приклучи на индукција. Не се породив тој ден. Следниот ден попладне трпев неподносливи болки, кои ми предизвикуваа повраќање“, изјавила оваа жена.
Како што вели таа, навечер околу 19:30, докторот одлучил да ја породи:
„Ми го пукна воденикот. Бев исцрпена, гладна и жедна. Бебето се заглави во карлицата. Докторот почна да ми го притиска стомакот и да ми вика да се напнам. Немав сила за напон. Во 21:30 родив мртво дете. Докторот ми го покажа детето и ми рече „Гледај што стори“. Беше стравично“, вели Марија и додава дека во општата болница во Алексинац останала два дена, а потоа по своја желба излегла.
Таа вели дека доживеала психичка тортура.
„Претрпев психичко малтретирање од медицинскиот персонал, кој ме обвини за смртта на бебето и затоа заминав“, вели а и напоменува дека поради се го тужела докторот Пејковиќ во надлежниот суд. Од друга страна, докторот негира дека на било каков начин ја малтретирал таа родилка.
„Породувањето течеше нормално. Трудницата имаше добри параметри кои ги испитуваме пред секое породување. Во моментот кога бебето требаше да излезе не чувствуваше болка и престана да напнува. Таа повеќе не можеше да учествува во породувањето. Детето беше на три сантиметри од излезот, а тогаш не е можно да се направи итен царски рез. Ја молев и ја терав да напне. Таа се исклучи на половина час од породувањето и немаше никакви шанси да се стори било што. Праксата вели бебето да ѝ се покаже на родилката, па дури и мртво родено, по аферата „кражба на бебиња“, наведува доктор Пејковиќ.
Како што додава, тој ќе се појави на сите покани од Лекарската комора, судот, бидејќи и нему му е важно да докаже што всушност се случило на породувањето.
Во наодите од обдукцијата на бебето стои дека бебето се напило плодова вода која содржела урина, имало нагмечување на мозокот, крвавење и воспаление на бронхиите, поради што и починало.
Од Лекарската комора велат дека е наредена вонредна внатрешна контрола за проверка на квалитетот на стручната работа на здравствените работници.„Бременоста ми беше уредна до последен момент. Ни на крај на памет не ми беше дека на породувањето ќе доживеам незамислив ужас. Нема да



