Пред да почине, Роналд Рид од гратчето Бартлбороу во американската сојузна држава Вермонт, повеќепати се има најдено во ситуација да прима помош од дарежливи луѓе.Меѓутоа, овој скромен човек, кој бил познат по својата штедливост, ја воодушеви јавноста кога по неговата смрт беше објавено дека оставил 6 милиони долари за локалната болница и библиотеката.
Пред да почине во 92-та година од животот, никој од локалните жители не знаел дека Рид бил мултимилионер.
„Откако виде дека во зимно време шета без капа, една жена реши да му исплете волнена капа за да му биде топло“, раскажа неговиот правен застапник Лори Ровел.
Роналд носел стара јакна која ја закопчувал со помош на безопасна игла, а и кошулите не му биле во сјајна состојба, за што сведочи случката во која еден човек помислил дека е бездомник и му платил доручек.
Можеби токму тие добри дела го инспирирале овој човек да остави трага и да ѝ врати на локалната заедница.
„Во тестаментот на Роберт Рид, стои дека на Меморијалната болница во Братлбороу и библиотеката Брукс, треба да им се исплатат суми од 4,8 милиони и 1,2 милиони долари“, стои во соопштението за јавноста.
Овој човек со скромен изглед, често ја посетувал болничката менза и таму доручкувал.
„Никој не можеше да претпостави дека овој човек е милионер. Кога слушнавме дека ни остави толкава сума пари, навистина доживеавме големо изненадување“, изјави Џина Петисон, портпаролот на Меморијалната болница.
Рид учествувал во Втората светска војна, по која работел како механичар заедно со неговиот брат. Со оглед на тоа дека ја продале работилницата во која што работеле, Рид останал без работа, но не сакал да замине во пензија.
Овој човек, во деновите на староста се вработил како домар во една работилница. Конечно се пензионирал во 1997 година. Иако работите со кои се занимавал не биле добро платени, тој вложувал пари во бизниси и тоа му донело богатство. Сето тоа го комбинирал со штедењето.
Освен шесте милиони долари кои ги донирал за болницата и библиотеката, овој неверојатен човек го поделил остатокот од своето богатство на семејството и пријателите.Меѓутоа, овој скромен човек, кој бил познат по својата штедливост, ја воодушеви јавноста кога по неговата смрт беше објавено дека оставил 6 милиони



