Меган Оклеј(19) од Портсмут на 13 години станала мајка. Сексот со 2 години постаро момче ја довело до несакана бременост. Таа сега ужива со својот петгодишен син, кој ѝ донел огромна радост. Сепак, поради сите работи кои ѝ ги донела бременоста во тинејџерските години, вели дека запознавањето со контрацепциските средства за девојчињата во пубертет е многу важно.„Кога имав 13 години, не знаев многу за сексот. Знаев по нешто за контрацепцијата, но се што не учеа на училиште беше за лична хигиена“, изјавила таа во една емисија.
Првиот секс го имала со Лукас Крег кој во тоа време имал 15 години.
„Беше постар од мене, но и тој беше многу млад. Не знаевме што правиме, не верувавме дек може нам да ни се случи такво нешто“, додала таа.
Меган во тоа време не знаела многу ни за менструалниот циклус ни за симптомите за бременост. „Гугл“ ѝ помогнал да дознае дека е бремена.
„Бев многу уморна, но и многу млада за да разберам било што за менструалниот циклус. Сфатив дури кога „Гугл“ моите симптоми ги карактеризираше како бременост. Помислив: Дали е можно ова да се случува?“
Набрзо раскинала со Лукас, но знаела дека сака да го зачува бебето. Кога ѝ раскажала на мајка ѝ, таа ја поддржала. Таа сама ја одгледала Меган, бидејќи сопругот ја оставил откако се родила нивната ќерка.
На училиште немале разбирање, но Меган била упорна во тоа да заврши средно училиште.
„Беше страшно, на 13 години не умеете да се носите со коментарите на луѓето“, вели таа.
Породувањето било комплицирано, но Меган на крајот родила здрав син, Ештон Тајлер. Сега им држи предавања на младите за да ја истакне важноста на контрацепцијата.
„Не велам дека 10-годишни девојчиња треба да имаат секс, но контрацепцијата треба да им биде достапна за да се спречи несакана бременост и ширење полови болести“, рекла Меган.
Таа додала дека младите знаат многу малку за сексот и бременоста. Како еден од начините тинејџерите да се заштитат од несакана бременост е вградување на контрацепциски импланти кои ослободуваат хормон прогестерон и со тоа се спречува бременоста.
Во Велика Британија во последните пет години ова контрацепциско средство го примиле околу 53 12-годишни девојчиња и 280 13-годишни девојчиња.
Сепак, неговата употреба предизвикува бројни расправии, најчесто помеѓу родителите, повеќето од нив истакнуваат дека на своите деца никогаш не би им дале вакво средство бидејќи за нив е незамисливо децата во тие години да имаат секс.„Кога имав 13 години, не знаев многу за сексот. Знаев по нешто за контрацепцијата, но се што не учеа на училиште беше за лична хигиена“



