ПЕТ КОРИСНИ работи кои би требало да се направат во автомобил што тоне!

Секоја сообраќајна несреќа е страшна, но оние несреќи во кои автомобилот завршува во вода, а во кој има луѓе заробени во неговата внатрешност, се дополнително ризични поради опасноста од давење.Меѓутоа, поголем дел од смртните случаи се последица од паника, недостаток на прибраност и концентрација. Усвојувањето на правила за преживување, одлучното дејствување кога автомобилот ќе заврши во вода, како и брзата реакција – ја зголемуваат можноста за преживување.

1. Подгответе се за удар
Веднаш штом ќе станете свесни дека автомобилот се лизнал од патот и дошол до водена површина, најдобро е да ги ставите двете раце во положбата „девет и три“. Ударот на автомобилот би можел да ги активира воздушните перници, затоа било која друга положба би можела да предизвика сериозни повреди. Доколку рацете ги поставите во положбата „десет и два“, рацете би се нашле на патот на воздушната перница со што тие би ве удриле по лицето и би го зголемиле ризикот од повреди. Запомнете, воздушната перница брзо се шири, во рок од 0,04 секунди по активирањето. Откако овој дел ќе заврши, подгответе се за наредниот чекор. Останете мирни. Паниката ја намалува енергијата, го корисити скапоцениот воздух и предизвикува да исчезне за најкраток можен рок. Останете фокусирани.

2. Одврзете го безбедносниот појас
Тоа мора да биде првата работа на која мора да помислите, а веднаш потоа доаѓаат децата и отворањето на прозорецот. Откопчајте ги појасите на децата (прво на најстарите кои после ќе можат да им помогнат на другите). Заборавете на телефонот и на било што друго. Постојат многу теории за тоа како лицето треба да остане врзано. Во прилог на теоријата одат размислувањата дека при влегувањето во вода, лицето нема да ја изгуби ориентацијата и нема да се оддалечи од прозорот или вратата. Ако треба да се оттурне вратата, појасот би можел да помогне. Тој може да послужи за ориентација ако автомобилот се преврти наопаку. Но, од друга страна, може да ја отежни ситуацијата при брзото излегување од автомобилот. Затоа, експертите советуваат дека е многу подобро да се биде подвижен од самиот почеток, бидејќи некогаш поради тежината на моторот, предниот дел од автомобилот тоне побрзо, а подвижноста може да помогне при излегувањето низ задниот дел од автомобилот.

3. Обидете се да го отворите прозорецот
Веднаш по влегувањето во вода, обидете се да го отворите прозорецот. Во оваа фаза, оставете ја врата и сконцентрирајте се на прозорецот. Електорниката во автомобилот би требала да биде во функција барем уште три минути. Не во смисла дека имате три минути, туку како знак дека прво треба да се обидете на тој начин да го отворите прозорецот. Многумина не размислуваат за прозорецот како можност за излез од автомобилот. Постојат неколку причини кои проф. Гислер ги има наведено зошто не би требало да се фокусирате на вратата. Веднаш по ударот, имате само неколку секунди во кои можете да ја отворите вртата додека сѐ уште сте над нивото на површината на водата. Еднаш кога водата ќе ја прекрие вратата, човечки е невозможно да се отвори поради притисокот кој ќе мора да се изедначи. Тоа значи дека внатрешноста ќе се исполни со вода, а тоа не е ситуација во која би сакале да се најдете. Со отворањето на вратата ќе се забрза потонувањето на автомобилот. Еден германски професор заклучи дека автомобилите плутаат помеѓу 30 секунди и 2 минути, а тоа е период во кој треба да се извлечат што е можно повеќе луѓе од автомобилот, додека отворањето на вратата би било кобно за оние на задното седиште. Како и да е, автомобилот најверојатно кон дното ќе тргне со оној дел во кој се наоѓа моторот, па затоа е добро со брза реакција и отворањето на задната врата да се пронајде можност за побрзо излегување. Доколку не сте во можност да го отворите прозорецот, или тој е отворен само до пола, ќе мора да го разбиете. Употребете некој предмет или со нога скршете го прозорецот. Можеби ќе ви изгледа како лоша реакција, но колку побрзо го отворите прозорецот, толку побрзо ќе бидете во можност побрзо да избегате.
Доколку немате алати или тешки предмети за кршење на прозорецот, користете ги нозете. Ако имате високи потпетици, ќе биде најдобро да удрите во средината на прозорецот. Не се ни обидувајте да ја кршите шофершајбната. А доколку сепак имате тешок предмет, повторни целете кон средината на прозорецот. Чекан, чадор, штрафцигер, лаптоп, мобилен телефон, итн., сѐ може да послужи како соодветно средство. Дури и клучевите можат да завршат работа, само доколку нанесете силен удар.
Кога ќе се скрши прозорецот, земете длабок здив и пливајте кон излезот. Водата со голема брзина ќе почне да влегува во автомобилот, па користете ја цела сила за да почнете да пливате кон површината. Истражувањата покажале дека е подобро да се тргне веднаш. Исто така, децата би требале да бидат на прво место. Турнете ги кон површината најдобро што можете. Ако тие не можат да пливаат, погледнете дали би можеле да им дадете нешто што плута. Возрасно лице би требало да оди со нив, за да им помогне да стигнат до површината. Ако остане дете во автомобилот, обидете се да му кажете да дише нормално, сѐ додека водата не дојде до нивните гради.

4. Бегството од автомобилот е можно кога притисокот ќе се изедначи
Драматична состојба во која автомобилот е исполнет со вода и притисокот е изедначен. Ова е момент во кој мора да се движите брзо за да преживеете. Потребни се отприлика една-две минути за да се наполни автомобилот со вода. Сѐ додека сѐ уште има воздух во автомобилот, дишете длабоко и полека за да се сконцентрирате на движењата кои следат по исполнувањето на автомобилот со вода. Дишете забавено и кога водата ќе дојде на нивото на градите, земете длабок здив и задржете го воздухот. Обидете се да останете смирени, не отворајте ја устата за да не влезе вода. Испливајте низ разбиениот прозор.

5. Пливајте кон површината што е можно побрзо
Оттурнете се од автомобилот и тргнете кон површината. Ако ја загубите ориентацијата, тргнете кон светлината или следете ги меурите. Бидете свесни за околината, внимавајте на камења, бетонски столбови на мостот или дури и бродови. Ако површината е покриена со мраз, логично е да ја изберете дупката направена од ударот на автомобилот.
Ако успеете да стигнете до копното, веднаш побарајте помош од минувачи за да се повикаат одговорни медицински лица и служби кои ќе ви помогнат на лице место.
Погледнете го видеото:
Меѓутоа, поголем дел од смртните случаи се последица од паника, недостаток на прибраност и концентрација. Усвојувањето на правила за преживување, о

Пронајдете не на следниве мрежи: