НЕВОЗВРАТЕНАТА ЉУБОВ ОД ЕДНА СКОПЈАНКА го направила „шумски човек“ – Сега си ги лечи раните

Милија Стојановиќ од селото Дрешница има 74 години, а веќе 17 години живее на падините на Копаоник во мала куќичка која ја направил на дрво.Милија тагува поради невозвратена љубов која одамна ја изгубил во Скопје каде некогаш работел.
Неговата сопруга Пецкана Геровска го напуштила по само една година брак, а тој разочаран се вратил во своето село. Набргу решил да се изолира од луѓето и заминал во планина, да живее сам во импровизира куќичка направена на дрво.
– Сета моја љубов беше залудна бидејќи Пецкана не можеше да ми ја возврати. Скршен и разочаран се вратив во своето село каде доживеав уште поголема болка, бидејќи за кратко време ми починаа братот, сестрата и мајката. Останав сам во празна куќа.

Милија, сам, во својот свет, ги чита Шопенхауер, Платон, Фројд, руските класици, и пишува поезија, во најголем дел за својата љубов. Една од неговите песни гласи:
– Се вратив да ја видам прекрасната коса, но убавицата од Вардар не беше тука. Се изгуби на камениот мост, во од, во народот, во вечната река од луѓе…

Иако во природа живее веќе 17 години, никогаш не бил болен па со самото тоа немал ни потреба да се обрати кај лекар.
– Се хранам исклучително со тоа што ќе го најдам во природата: плодови од шумата, корења, од потоците и реките ловам риби и ракови. Пари не ми требаат, луѓето ме разочараа, но не и природата – раскажува Мице, како што го викаат мештаните од милост.
Иако е разговорлив, остроумен и одлично се снаоѓа во разговорот на разни теми, не сака „да расправа за политичката ситуација во земјава“. Тоа вели дека не го интересира, а телевизорот и радиото воопшто не му недостигаат. Сепак за себе вели дека не е чудак, сака друштво, добро вино, а признава дека понекогаш срцето му заигрува кога ќе види убава жена. 
Милија тагува поради невозвратена љубов која одамна ја изгубил во Скопје каде некогаш работел.
Неговата сопруга Пецкана Геровска го напушти

Пронајдете не на следниве мрежи: