ХОРОР ГЛЕТКА: Ова не и е од шминка, туку од зависност од ДВЕ РАБОТИ!

Таа дури ја носела со себе и својата петгодишна ќерка на солариум поради што и детето имало изгореници по нозете.Патрисија Крентцил (47) која е позната по тоа што претерувала со солариумот сега решила да се откаже од него и има нов зависност- ботокс. На секои три месеци таа дава по 200 фунти за оваа инекција и тврди дека сексуалниот живот и станал подорбар кога престанала да оди на солариум.
Патрисија преку ноќ повторно стана сензација бидејќи било воочено дека станала значително побела отколку што била. Таа порано била опседната со солариумот а сега е опседната со нешто друго- ботокс.
„Прочитав дека познатите одат на третмани за ботокс и сфатив дека тоа би можело да ми помогне во враќањето на мојата самодоверба бидејќи многу ја оштетив својата кожа. Не можев да си поверувам колку добро изгледам после ботоксот“- кажува таа.
Освен тоа, таа сака да ги тргне борите и да ги зголеми градите. Дури сега ги гледа лошите последици од солариумот и признава дека тоа и било голема грешка.

Оваа мајка на три деца открива дека нејзиното семејство било многу загрижено за нејзиното здравје па затоа и престанала да го прави тоа.
Со одењето во солариум ја загрозила и својата ќерка која како последица имала изгореници по нозете за кои Патрисија тврдела дека изгорела на сонце додека си играла надвор.
Бидејќи претерувала со солариумот таа го свртела вниманието од  медиумите и учествувала дури и на натпреварувањето „World Xtreme Entertainment's Celebrity Boxing”.
Од пред некое време почнала да се појавува во јавноста па медиумите започнале повторно да обрнуваат внимание на неа.
Патрисија Крентцил (47) која е позната по тоа што претерувала со солариумот сега решила да се откаже од него и има нов зависност- ботокс. На секои

Пронајдете не на следниве мрежи: