„Имав 23 години и гледав како животот ми поминува пред очи. Последните пет години ги поминав опивајќи се секој викенд. Често знаев да се прејадам, а ноќите ги поминував во својата соба, играјќи Xbox“, рече оваа девојка од Шкотска која си ветила дека ќе го смени животот од корен.Неа ѝ успеа тоа. Еве како…
Лора Ловсон (26), направи огромен пресврт во својот досаден живот.
Таа наведе дека се обидувала да сфати што навистина ѝ се случило и вели дека за своите грешки го обвинувала светот.
„Работата ми беше ср*ње, мојот живот беше ср*ње, бев дебела, тажна и осамена“, рече Лора, чија новогодишна желба беше да излезе од рутината.
Затоа, решила да направи крупни промени. Таа состави листа од 300 предизвици кои мора да ги исполни. Оттогаш, нејзиниот досаден живот се сменил од корен.
„Измислував изговори сѐ додека не сфатив дека единствено јас можам да си го сменам животот“, нагласи девојката која исполнувањето на задачите од листата го почнала од малите работи, како што е фарбањето на косата и одгледување зеленчук.
На нејзината листа подоцна се ределе многу други предизвици. Тука се најдоа и хранење на носорог, пливање со ајкули, возење со хеликоптер, банџи скок, посета на нудистичка плажа или скок со падобран.
Лора тврди дека денес е многу посреќна. Таа ослабнала 20 килограми, повеќе не пие, здраво се храни, нашла подобра работа, се омажила и стекнала нови пријатели.
Таа досега исполнила 120 задачи од листата. Браво!
Неа ѝ успеа тоа. Еве како…
Лора Ловсон (26), направи огромен пресврт во својот досаден живот.
Таа наведе дека се обидувала да сфа



