Човекот кој од 1988 година пешачи 33 километри до работното место, КОНЕЧНО ЌЕ ДОБИЕ АВТОМОБИЛ!

Џејмс Робертсон (56) од Детроит, секој ден пешачи по 33 километри од дома до неговото работно место уште од 1988 година кога се расипал неговиот автомобил, а тој не можел да си приушти да купи нов.Овој Американец несомнено е најпосветениот работник во Детроит, чие пешачење до работното место го носи да поминува низ најлошите населби од овој град.
Неговото патешествие не успеа да остане незабележано, па тој успеа да го привлече вниманието на американската јавност, поточно на фондацијата GoFundMe, која покрена кампања за собирање средства со кои ќе му се купи автомобил на овој човек.
Фондацијата успеа да собере неверојатни 142.000 долари. ЛИНК
„Тој никогаш не доцни на работа, без разлика какви се временските услови. На работа тргнува во 8 наутро, а работното време му е од 14 до 22 часот“, изјави неговиот шеф.
Робертсон малку спие преку недела, но надоместува за викендот. Тој заработува по 10,55 долари на час, но овие пари не му се доволни за да купи, вози и да одржува автомобил.
Со оглед на неверојатниот одзив на луѓето, изгледа деновите на пешачењето на Робертсон се одбројани.Овој Американец несомнено е најпосветениот работник во Детроит, чие пешачење до работното место го носи да поминува низ најлошите населби од овој г

Пронајдете не на следниве мрежи: