БОИТЕ И СОНОТ: Сивата боја е знак за осаменост, црвената за умор, жолтата за жртва…

Боите во соништата најчесто се одраз на емотивната состојба, а откриваат што нѐ мачи кога сме будни. Кај толкувањето на боите треба да се земе во предвид и односот кон нив.Црна боја
Оваа боја симболизира опасност, мистерија, мрак, смрт, тага, одбивање, омраза и злоба. Често се поврзува со смртта, поради што во соништата може да претставува умирање на некои идеи или промени. Црно-белите соништа сугерираат дека ви е потребна објективност при донесувањето на одлуки. Тврдоглавоста ве кочи во добрите потези и затоа треба да ги земете во предвид и останатите мислења.
Бела боја
Оваа боја се поврзува со чистината, вистината и невиноста. Во соништата означува нов поглед на животот и може да биде знак дека треба да ја преиспитате својата искреност во одредени ситуации.
Сина боја
Сината боја е смирувачка, а ги претставува вистината, правдата и интелектот. Во соништата се поврзува со духовниот водач и е показател дека треба да го забавите темпото и да уживате. Потемните нијанси се поврзуваат со брзите промени на расположението и депресија, а светлите со креативноста.
Црвена боја
Црвената боја во соништата е симбол на страста, агресијата, силата, импулсивноста и храброста. Се поврзува со насилство, опасност, срам и сексуален нагон. Најчесто преупредува на умор, но и повикува на тоа добро да размислите за своите постапки, односно на кој начин тие можат да ги повредат другите.

Зелена боја
Зелената боја ги претставува развојот, промените, плодноста, надежта и мирот. Потемните нијанси се поврзуваат со завист и тврдоглавост. Парите, богатството и љубомората исто така се поврзуваат со оваа боја. Зелената е метафора за недостаток на искуство во некоја работа, но претставува и желба да ја докажете својата независност.
Жолта боја
Оваа боја симболизира среќа, оптимизам и интуиција. Потемните нијанси се поврзуваат со предавство, загубена надеж и блокирана интуиција. Жолтата боја посочува на страв од донесување одлуки и ви дава на знаење дека сте подготвени да ја жртвувате својата среќа за другите.
Портокалова боја
Таа ја симболизира рамнотежата, хармонијата и означува надеж. Потемните нијанси се поврзуваат со гордоста и површноста, а посветлите со самоконтролата. Оваа боја најчесто ја открива тајната желба за запознавање на нови луѓе и проширување на видиците.
Розова боја
Симбол за љубов, радост, среќа и добрина. Таа се поврзува со незрелост или слабост, посебно во љубовните односи.
Виолетова боја
Оваа нијанса се поврзува со духовноста, љубовта, сочувствителноста и нежноста. Потемните нијанси од оваа боја, се поврзуваат со несфатеноста и предавството, а светлите со инспирацијата.
Златна боја
Одраз на богатство, усовршување и напредок. Таа ја означува одлучноста и желбата за успех.
Сребрена боја
Претставува правда и чистина. Симбол е на енергијата која ве штити.
Сива боја
Сивата боја покажува страв, депресија, болест и збунетост. Таа се поврзува со индивидуализмот и е показател за емотивна осаменост или изолираност.
Кафеава боја
Означува практичност, удобност и материјалистички карактер. Оваа боја се поврзува со земјата и тлото, што значи дека морате да им се вратите на своите корени.Црна боја
Оваа боја симболизира опасност, мистерија, мрак, смрт, тага, одбивање, омраза и злоба. Често се поврзува со смрт

Пронајдете не на следниве мрежи: