Докторите го пратиле детето на рентген за да видат за каков предмет се работи. Тие навистина имале што да видат – во хранопроводот се наоѓало насмеаното лице на Сунѓер Боб со испружен јазик.Шеснаесетмесечно дете беше донесено во болница во градот Џеда, во Саудиска Арабија, откако проголтало ситен предмет.
Докторите итно го пратиле на рентген и имале што да видат – во хранопроводот на детенцето се наоѓал приврзок со ликот на Сунѓер Боб, чиј лик со испружен јазик гледал право во нив.
Имено, тој го голтнал приврзокот на неговата постара сестра.
-Навистина бев импресионирана колку се видливи сите детали. Можевме да ги видиме неговите точки, чевли и прсти, изјавила д-р Аџили за „Livescience“.
Приврзокот беше отстранет од грлото на детето и тој беше пуштен на домашно лекување.
Рентгенските снимки подоцна биле објавени на форум, на кој радиолозите и студентите по медицина разменуваат искуства за разни случаи.
-Досега видовме многу неверојатни снимки од разни тела кои луѓето ги голтаат, но овој е посебно неверојатен, изјави д-р Ендрју Диксон, главен уредник на форумот Radiopaedia и радиолог во болницата „Алфред“ во Мелбурн.
Шеснаесетмесечно дете беше донесено во болница во градот Џеда, во Саудиска Арабија, откако проголтало ситен предмет.
Докторите итно го прат



